Наша визија

Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик” Дооел Скопје, е компанија во која работат стручни, професионални и искусни консултанти ориентирани кон потребите на клиентите.

Наша главна цел е да понудиме интегрирана високо стручна услуга на клиентите која ќе биде во согласност со законските норми, но и со најдобрите ЕУ и светски практики, технички норми и стандарди во областа на:

  • Унапредување на животната средина;
  • Ефикасно користење на ресурси (суровини, вода, енергија) и користење на обновливи извори на енергија;
  • Воведување и спроведување на концепт за почисто производство и анализа на животниот циклус на производите;
  • Одржливо производство и еко дизајн;
  • Подготовка на инвестициона документација во согласност со националните и ЕУ барања за апликации со проекти и проектен циклус;
  • Зајакнување на капацитетите на јавната администрација и претставници на производните и услужните фирми за теми блиски до интегрираната заштита и превентивната контрола од загадувањето на сите медиуми на животната средина.

Прочитај повеќе…     

EkoMozaik-Spring  

Новости

  • Во периодот април – мај 2018 година, Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје подготви Рамка за управување со животна средина и социјални прашања (РУЖССП) како дел од проектот „Унапредување на социјалните услуги“ на Министерство за труд и социјална политика поддржан од Меѓународната Банка за обнова и развој (прочитајте повеќе).
  • Компанијата ЕкоМозаик зема учество во Глобалното Медитеранско партнерство за води (GWP – Med) во рамки на активностите за “Вода, Храна, Енергија и Нексус Екосистеми” во Југоисточна Европа (прочитајте повеќе)
  • Во период од јули 2017 до февруари 2018, тимот на ЕкоМозаик подготви План за вклучување заинтересирани страни (ПВЗС) за Рудникот Саса (прочитајте повеќе).
  • Од месец декември 2018 година компанијата ЕкоМозаик спроведува Надзор над активностите за изградба на хидројаловиште бр.4 во рудник САСА (прочитај повеќе)
  • Компанијата ЕкоМозаик изработи Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Националната стратегија за транспорт (2018 – 2030) на Република Македонија (прочитајте повеќе).
  • Консултантскиот тим на Друштвото за технички консултантски услуги ЕкоМозаик Дооел Скопје работеше на воведување на интегриран систем за управување со животната средина и безбедноста и здравјето при работа ISO 14001:2015 / OHSAS 18001:2007 во Цермат Доо Битола (прочитајте повеќе).
  • Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје како овластена компанија за проценка на вредноста на добрата од областа на животната средина, беше ангажирано од страна на рудник Бучим Дооел Радовиш во периодот Мај – Ноември 2017 година за подготовка на Извештај за проценка од одговорност за еколошка штета од работењето на рудникот во однос на инцидентни состојби кои може да ги нарушат биодиверзитетот, човечките ресурси и материјалните добра на рудникот и околното население (прочитајте повеќе).
  • Еко Мозаик Дооел Скопје изработи Ревизија на енергетска ефикасност и План за управување со енергија во Рудник Бучим – Радовиш во периодот јануари – јуни 2017 (прочитајте повеќе).

Консултантски услуги

Производни и услужни фирми               Општини, град Скопје                Владини институции              Меѓународни институции              Невладини организации

111    1     2    3    ngo

Ако Ви треба партнер во обезбедување на одржливо производство, воведување на превентивни мерки за заштита на животната средина, ефикасно користење на ресурсите и обезбедување на низок еколошки отисок на Вашата компанија, кликнете  тука

 Побарајте не заедно да ги подготвиме Вашите стратешки плански документи од областа на животна средина, да Ве информираме за најновите ЕУ практики во управувањето со вода, отпад, почва, квалитет на воздух, климатски промени на локално и регионално ниво, кликнете тука

Можеме да Ви помогнеме во обезбедување стручна помош при подготовка на национални стратешки документи, законски прописи кои лесно се спроведуваат на национално и локално ниво и при зајакнување на капацитетите на јавната администрација, кликнете тука

Нашиот консултантски тим со задоволство ќе го прифати повикот за партнерство при реализација на проекти од областа на заштита на животна средина и оценка на предлог проекти. Нашите услуги погледнете ги тука

 Подготвени сме во секое време да дадеме техничка консултантска помош на невладиниот сектор при дизајнирање на јавни кампањи, истражувања и спроведување на проекти и обезбедување на дијалог со сите чинители. Погледнете како

home

home