Еко ознака

ПРИДОБИВКИ ЗА ВАШИОТ ХОТЕЛ ОД АПЛИЦИРАЊЕ И ДОБИВАЊЕ НА ЕКО ОЗНАКА

  • Можност да ги покажете високиот квалитет на услуги и сериозниот пристап кон заштита и унапредување на животната средина;
  • Директно намалување на месечните сметки за енергија, вода, управување со отпадот и поекономично секојдневно работење на Вашиот хотел;
  • Ознаката нуди покачување на рејтингот на Вашиот хотел, Ваша посветеност во обезбедување на здраво, удобно сместување, здрава храна и здрава животна средина за вработените и гостите;
  • Ознаката нуди повисок стандард во промоција на комуникациски и едукативни содржини за заштита на животната средина со гостите и пошироката заедница;
  • Еколошката ознака ќе претставува Квалитет ПЛУС  кој се нуди од Ваша страна, поголема препознатливост, зголемен удел на пазарот и препораки до нови потенцијални гости кои би го избрале Вашиот хотел;
  • Нова маркетинг алатка преку користење на официјалното лого на националната еко ознака на брошури, летоци и друг пропаганден материјал, за време на медиумски настани, туристички настани, промовирања и рекламни паноа кои ќе го зголемат Вашиот имиџ и ДЕФИНИТИВНО ЌЕ НАПРАВАТ РАЗЛИКА во однос на конкурентните хотели;
  • Ќе бидете први во Македонија кои ќе ја носат националната “Еко ознака“ за хотели.

Ве очекуваме да ни се обратите за заедно да придонесеме “Вашиот хотелски капацитет” да прерасне во препознатлив бренд во земјата и регионот кој негува трајни вредности, давајќи врвна услуга во амбиент пријатен за секој посетител, но и водејќи грижа за животната средина.