Локален Акционен План за животна средина

Консултантскиот тим на друштвото “ЕкоМозаик” Скопје учествуваше во изработка на Националната Методологија за изработка на ЛЕАП (Локален Акционен План за животна средина) во 2007 година и во последните 5-6 години учествуваше при подготовка на стратешки плански документи – ЛЕАП за повеќе општини во Република Македонија и Република Косово ( Референтна Листа – ЛЕАП ).

Цел на изработка на ЛЕАП

Главна цел при подготовката на ЛЕАП претставува идентификување на состојбата со животната средина во сите тематски области (урбан развој, воздух, отпад, бучава, почва и земјиште, природа/природни реткости и културно наследство), отпочнување на процес на учество на јавноста за дефинирање на најприоритетните проблеми за кои ќе се предложат мерки и активности за решавање на истите со дефинирани одговорности (Акционен План) и План за набљудување и оценување на успешноста на спроведувањето на предложените мерки во Акциониот План во текот на годините.

Учество на јавноста

Транспарентноста на целиот процес на подготовка на ЛЕАП, активното учество на јавноста при идентификација на состојбата со животната средина и приоретизација на клучните предизвици за решавање се составен дел од процесот и Консултантскиот тим на “ ЕкоМозаик“ максимално користи алатки за комуникација и вклучување на граѓаните во сите фази на изготвување на најважниот стратешки документ на локално ниво од областа на животната средина.

leap

Фотографии од состаноци со ЛУК (Локален управен комитет) и работни групи при изработка на ЛЕАП

Методологија на изработка

Изработката на стратешкиот плански документ е базирана на спроведена проценка на состојбите со животната средина и економските показатели користејќи ја DPSIR – методологијата(прочитај повеќе)и се одвива во неколку фази (прочитај повеќе).

Кои се придобивките за општината од реализација на ЛЕАП?

Локалниот акционен план за животна средина има значајна функција во утврдувањето и апликацијата на принципите на одржливиот развој на локално ниво и во создавање основа за вистинско функционирање на локалната демократија, за креирање економија која ќе ги вградува вредностите на водите, воздухот, земјиштето, биодиверзитетот, природните вредности и реткости, во насока на обезбедување подобар стандард на живеење на граѓаните и одржливо користење на ресурсите во секоја општина. (прочитај повеќе)