Производни и услужни фирми (МСП и големи производни капацитети)

MSP1

MSP2

  • Изработка на Елаборат за заштита на животната средина (Еколошки елаборати) за постоечки и ново планирани проекти (прочитај повеќе);
  • Изработка на Студија за оценка на влијанието на проект врз животната средина (прочитај повеќе);
  • Ревизија на Елаборат и Студија за оценка на влијание на проект врз животната средина;
  • Изработка на Барање за добивање на А и Б интегрирана еколошка дозвола (ИСКЗ-А и ИСКЗ-Б), или Барање за измена и обнова на интегрирана еколошка дозвола;
  • Анализа на ризици во животната средина и проценка на ризици од одговорност од еколошка штета (Environmental Liability Risk Assessment);
  • Предлагање на најдобри достапни техники потребни за задоволување на ЕУ стандардите;
  • Воведување на концепт на почисто производство преку анализа на материјален и енергетски биланс (прочитај повеќе);
  • Анализа на можности за штедење на енергија (енергетска ефикасност) и предлог решенија со Студија за изводливост;
  • Спроведување на еколошка ревизија (Environmental audit) и Извештај за генерална еколошка ревизија (прочитај повеќе) и Проценка на штети во животната средина;
  • Подготовка на планови за безбедно управување со ризици од хаварии настанати од опасни супстанции во инсталациите (SEVESO инсталации);
  •  Проценка на еколошка штета и подготовка на планови за рано известување во случај на хаварии и индустриски несреќи;
  •  Подготовка на планови и програми за интегрирано управување со отпад, отпад од пакување, хемикалии и др. ;
  •  Воведување на системи за:

- Систем за менаџмент со квалитет (MKC EN ISO 9001:2009),
- Управување со животната средина (MKC EN ISO 14001:2006),
- Систем за управување со безбедноста на храната (MKC EN ISO 22000:2008) и генерално HACCP принципи,
- Стандард за безбедност и здравје при работа (OHSAS 18001) и
- Систем за управување со енергија (МКС EN ISO 50001:2011);

  • Скенирање на состојбата со животната средина во фирмата (Environmental Due diligence) пред купопродажен договор, проценка на еколошки штети (прочитај повеќе);
  • Подготовка на бизнис план за инвестиции во животната средина;
  • Подготовка на Студии за изводливост
  •  Испорака на обуки за новите национални и ЕУ законски прописи во областа на животната средина, енергетска ефикасност и стекнување со “зелени вештини”;
  •  Подготовка на проектна документација за воведување на CDM механизам (Clean Development Mechanism);
  •  Услуга при регистрација на фирмата на порталите на ЕУ програмите и поврзување со ЕУ партнери за заеднички проекти (HORIZON 2020, COSME, LIFE+, EBRD know-how) и др.