Рамка за управување со животна средина и социјални прашања (РУЖССП)

Во периодот април – мај 2018 година, Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје подготви Рамка за управување со животна средина и социјални прашања (РУЖССП) како дел од проектот „Унапредување на социјалните услуги“ на Министерство за труд и социјална политика поддржан од Меѓународната Банка за обнова и развој.

Проектот се состои од три компоненти: Компонента 1: Промовирање на социјалната вклученост преку подобрување на пристапот до социјални бенефиции и услуги, Компонента 2: Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на услугите во претшколските установи и Компонента 3: Управување со проекти, мониторинг и евалуација. Главната цел на проектот е поддршка и подобрување на условите во предучилишните установи, со изградба на нови градинки и реновирање / адаптација на постојните детски градинки, пренамена на постоечките детски градинки во центри за ран детски развој, други социјални услуги, како и поддршка на спроведувањето на реформите во системот за социјална заштита и унапредување на социјалните услуги.

IMG_0023 IMG_0089

Рамката ги дефинира чекорите, процесите и процедурите кои е потребно да ги следат Министерство за труд и социјална политика/Единица за управување со проектот, Апликантите и корисниците (општините), за проверка и категоризација на предложените под / проекти и оценка на влијанијата на проектите врз животната средина и социјални аспекти, следење и управување со истите во согласност со барањата на националното законодавство и оперативните процедури на Светска Банка.

Експертскиот тим на ЕкоМозаик ја презентираше Рамката за управување со животна средина и социјални прашања (РУЖССП), за време на организираните 3 јавни расправи во Тетово, Штип и Скопје на која присуствуваа претставници од  различни институции на државно и локално ниво и НВОи.

IMG_0103 IMG_0052