Студии за оценка на влијанието на проектите врз животната средина

Експертиза на Консултантскиот Тим на “ЕкоМозаик“ при подготовка на Студија за оценка на влијание на проектот врз животната средина

Стручниот експертски тим на Друштвото за технички консултантски услуги„ЕкоМозаик” Дооел Скопје досега има изработено неколку Студии за оценка на влијанието на проектите врз животната средина за проекти на меѓународни организации, плански региони/општини и Град Скопје ( референтна листа ).

studii

Целта на Студијата за ОВЖС е да се утврдат и оценат позитивните и негативните влијанија кои можат да произлезат од реализацијата на проектот врз животната средина  и  социјалните  аспекти на локално, регионално и национално ниво.Со Студијата за ОВЖС се обезбедува проектните активности (во сите фази: проектирање, изградба, оперативна фаза и фаза на престанок со работа/демонтажа на опрема) да се извршуваат на начин кој е прифатлив за заштита на животната средина и за социјалните аспекти, а се во согласност со националното законодавство и најдобрите меѓународни практики.

При изработката на Студиите за ОВЖСекспертскиот тим на „ЕкоМозаик“ Дооел остварува постојани контакти studii2со инвеститорите и надлежните институции поради координирање на активностите за реализација на проектите, ги посетува предметните локации и нивната околина и ги одредува осетливите елементи на животната средина кои би биле нај изложени на негативните влијанија од реализацијата на проектот, предложува план со мерки за спречување, намалувањеи ублажување на влијанијата врз животната средина и план за мониторинг на спроведувањето на мерките, присуствува на јавни расправии ги води инвеститорите низ целиот процес на спроведување на постапка за ОВЖС.

Прочитај повеќе

Постапка за оценка на влијание на проекти врз животна средина 

Подготовката на Студија за оценка на влијание на проекти врз животна средина е обврска која произлегува од Законот за животна средина („Службен весник на РМ“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 124/10, 51/11, 123/12, 51/13) во кој се транспонирани барањата на Директивата на ЕУ за ОВЖС (85/337/EEC)и истиот предвидува изработка на Студија за оцена на влијанието врз животната  средина  (ОВЖС)  за  одредени  проекти кои се дефинирани во „Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина“ („Службен Весник на РМ“ бр. 74/05, измена 164/12).

По утврдувањето на потребата од спроведување на постапка за ОВЖС, Инвеститорот доставува Писмо за намера за изведување на проектот до МЖСПП . ОВЖС  задолжително  се  спроведува  од  овластени  експерти,  во  согласност  со воспоставената  методологија,  структура  на  известување  и  потребните  документи.  Во текот на целиот процес учеството на јавноста е задолжително.

studii3

Постапка за ОВЖС во Република Македонија

Процесот на подготовка на Студија за ОВЖС се одвива во неколку чекори со:

  • - Доставување на известување за намера за изведување на проект и барање за определување на обемот на оценката на влијанието врз животната средина до МЖСПП од страна на Инвеститорот.
  • - МЖСПП доставува  Решение до Инвеститорот со кое се утврдува потреба од оцена на влијанието на проектот и го дава обемот на студијата
  • - Подготовка на Студија за оцена на влијанијата врз животната средина на проектот согласно законските барања од Законот за животна средина.
  • - Идентификација на осетливите елементи на животната средина, како и идентификација на позитивните и негативните влијанија кои можат да произлезат од реализацијата на проектот врз животната средина во сите фази на проектот.
  • - План со мерки за спречување, намалувањеи ублажување на влијанијата врз животната средина и
  • - План за мониторинг на животната средина чија цел е следење на имплементација на предложените мерки