Тимот на ЕкоМозаик

     Тимот на ЕкоМозаик

Нашиот тим на консултанти има време, трпение, знаење и умешност да ги разбере предизвиците со кои се соочувате при секојдневното работење и при започнување на нови инвестиции. Нашите консултанти со задоволство ќе се посветат на ефикасно и навремено надминување на Вашите предизвици во однос на заштита на животната средина, што за Вас ќе значи подобро планирање, намалување на трошоците, поефикасно и одржливо користење на ресурсите, поголема конкурентност на пазарот, минимизирање на различните фракции на отпад, рециклирање, превенција, избегнување и ублажување на негативните влијанија на производниот процес и емисии во воздух, вода.

Во успешното секојдневно работење, “ЕкоМозаик“ соработува со голем број надворешни соработници, експерти во својата област, акредитирани лаборатории, институции и организации на национално и меѓународно ниво, кои несебично и посветено ни помагаат да ја постигнеме целта заедно со нашите клиенти.

Вашиот успех, позитивните резултати и подобрувањето на Вашиот имиџ за општествено одговорна компанија и компанија која се грижи за својот “еколошки и енергетски отисок“ се наша мотивација.

експертиза                      експертиза                експертиза               експертиза               експертиза             експертиза

Членство на ЕкоМозаик во меѓународни и домашни организации и тела


“ЕкоМозаик“ е член на:

  •      Меѓународната организација за оценка на влијание на проекти, планови и стратешки документи – IAIA (International Association for Impact Assessment) од 2005 година
  •       Стопанска комора на Република Македонија од 2009 година

Експертите на ЕкоМозаик се дел од експертски тимови на следните национални институции и професионални здруженија:

  •       Агенција за енергетика на Република Македонија од 2009 година
  •       Комисија за најдобри достапни техники на Министерство за животна средина и просторно планирање од 2009 година
  •       Технички комитет на лаборатории на Институтот за Акредитација на Република Македонија од 2010 година
  •       Група на оценувачи на тело за акредитација во Институтот за Акредитација на Република Македонија од 2009 година
  •       Национален центар за почисто производство финансиран од UNIDO (Организација за индустриски развој на Обединетите      нации) од 2008 година
  •       Комората на овластени инженери технолози на Република Македонија од 2012 година
  •       Асоцијација на Менаџмент Консултанти-МСА-2000 и Македонска Мрежа на Евалуатори.