Новости
  • Во период од јули 2017 до февруари 2018, тимот на ЕкоМозаик подготви План за вклучување заинтересирани страни (ПВЗС) за Рудникот Саса (прочитајте повеќе).
  • Oд месец декември 2018 година компанијата ЕкоМозаик спроведува Надзор над активностите за изградба на хидројаловиште бр.4 во рудник САСА (прочитај повеќе).
  • Компанијата ЕкоМозаик изработи Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Националната стратегија за транспорт (2018 – 2030) на Република Македонија (прочитајте повеќе).
  • Консултантскиот тим на Друштвото за технички консултантски услуги ЕкоМозаик Дооел Скопје работеше на воведување на интегриран систем за управување со животната средина и безбедноста и здравјето при работа ISO 14001:2015 / OHSAS 18001:2007 во Цермат Доо Битола (прочитајте повеќе).
  • Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје како овластена компанија за проценка на вредноста на добрата од областа на животната средина, беше ангажирано од страна на рудник Бучим Дооел Радовиш во периодот Мај – Ноември 2017 година за подготовка на Извештај за проценка од одговорност за еколошка штета од работењето на рудникот во однос на инцидентни состојби кои може да ги нарушат биодиверзитетот, човечките ресурси и материјалните добра на рудникот и околното население (прочитајте повеќе).
  • Еко Мозаик Дооел Скопје изработи Ревизија на енергетска ефикасност и План за управување со енергија во Рудник Бучим – Радовиш во периодот јануари – јуни 2017 (прочитајте повеќе).
  • Друштвото за техничко консултанстки услуги ЕкоМозаик го збогати своето портфолио со Лиценца за вршење на  енергетска контрола.
  • Друштвото за техничко консултанстки услуги „ЕкоМозаик“ го збогати своето портфолио со Лиценца за вршење на работи на проценка на вредноста на добрата и влијанија врз животната средина.
  • Во месец февруари 2017 година се одржа јавна расправа за Студија за оцена на влијание на проектот „Изградба на хидројаловиште бр.4 за рудник „Саса“ – Македонска Каменица“ врз  животната средина, на која експертите на „ЕкоМозаик“ ги презентираа главните наоди од Студијата и придобивките од реализацијата на проектот.
  • Експертите од „ЕкоМозаик“ во изминатиот период интензивно работеа на Барања за добивање/ измена на  А-ИСКЗ Дозволи за неколку компании.
  • „ЕкоМозаик“  е подизведувач на компанија  “Louis Berger” од Франција, како Надзор  на проектот за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општините Берово и Куманово во РМ. Надзор на  спроведувањето на мерките за заштита на животна средина и безбедност и здравје при работа при изведување на градежните активности/ активностите за рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општините Берово и Куманово во РМ во согласност со националното законодавство и ЕУ директивите, преглед на Планот за заштита на животната средина и Планот за безбедност и здравје при работа подготвени од Изведувачот со цел да се осигура безбедно извршување на работите.
  • Знaете ли дека најбараните и најпосетените хотели се оние кои ја носат ознаката „ЕКО“. Доколку сакате Вашиот Хотел да јаноси ЕКО ознаката (прочитајте повеќе).
  • Експертскиот тим на ЕкоМозаик во рамките на својата палета на услуги нуди и асистенција при аплицирање за добивање на “Еко ознака” (за производи и услуги) на своите клиенти. Особено атрактивна преставува “Еко ознака” за хотелски капацитети како нивна препознатливост насочена кон грижа за животната средина, природните ресурси, а воедно и кон своите гости и околното население. Што ќе значи за Вас како сопственик/менаџер на хотел предзнакот “еко“ (прочитај повеќе).
  • Погледнете за што ќе се разговара на Екомондо во Римини (прочитајте повеќе)
  • Експертскиот тим на ЕкоМозаик во рамките на својата палета на услуги нуди и асистенција при аплицирање за добивање на “Еко ознака” (за производи и услуги) на своите клиенти. Особено атрактивна преставува “Еко ознака” за хотелски капацитети како нивна препознатливост насочена кон грижа за животната средина, природните ресурси, а воедно и кон своите гости и околното население. Што ќе значи за Вас како сопственик/менаџер на хотел предзнакот “еко“ (прочитај повеќе)
  • Во октомври 2015 беше промовирано “Здружение на експерти за животна средина на Република Македонија ЕКО ДИЈАЛОГ” со основна цел унапредување на животната средина, примена на стандардите и висок професионализам при давање на консултантски услуги во оваа област. Еден од основачите на “ЕКО ДИЈАЛОГ“ е и Друштвото за техничко консултантски Услуги “ЕкоМозаик“ дооел Скопје (прочитај повеќе)
  • Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ дооел Скопје  од март 2014 година  како подизведувач на светски позната консултантска компанија  “EPTISA Servisios de Ingeneria” од Шпанија е дел од Надзорот на проектот за Реконструкција на железничката линија Коридор 8 Секција Куманово – Белјаковце во должина од 31 km. Покрај секојдневен надзор на спроведуваните градежни активности на терен, надзорот опфаќа и активности на следење и евидентирање како се одвива реализацијата на предложените мерки за заштита на животната средина за време на реконструкција и изградба на железничката пруга. (прочитај повеќе).
  • Во изминатата година, Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик“ дооел Скопје заедно со одговорните лица од Општина Гази Баба интензивно работеше на подготовката на Локалниот Акционен План за животна средина (ЛЕАП) за Општина Гази Баба за периодот 2013-2019 година.Подготовката заврши во декември 2014 и граѓаните на Општина Гази Баба добија стратешки плански документ од областа на животната средина чија реализација ќе обезбеди одржлив развој на Општината. (прочитај повеќе);
  • Експертскиот тим на Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик” Дооел  Скопје помогна во воведувањето на Систем за управување на животна средина MKC EN ISO 14001:2006 во Друштвото “Југохром Фероалојс(прочитај повеќе);
  • Во период јануари –јули 2014 година Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик” работеше интензивно на изработката на Проценка на влијание на проектот  “Развој на дистрибутивната мрежа на природен гас во РМ” врз животната средина како дел од постапката за доделување на концесија за дистрибутивен систем за природен гас на територија на Република Македонија (прочитај повеќе);
  • Тимот на „ЕкоМозаик“ во периодот јануари – март 2014 година беше ангажиран од  Министерството за животна средина и просторно планирање за подготовка на „ПРИРАЧНИК ЗА ПОДГОТОВКА НА ИЗВЕШТАЈ ЗА МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ“ и одржување на обука во рамките на Проект финансиран од страна на UNECE – United Nations Economic Commission for Europe. Прирачникот е подготвен со цел да даде општи насоки кон безбедно планирање, дизајнирање и работа на инсталациите/системите во Република Македонија во кои се планира користење или во кои веќе се присутни опасни супстанции во количини кои претставуваат потенцијален ризик од појава на хаварија (прочитај повеќе);
  • Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик” го изработи Извештајот за Стратегиска оцена врз животната средина за плански документ Изменување и дополнување на ГУП за Град Виница плански период 2012-2022 (прочитај повеќе);
  • На 23 и 24 септември експертите од “ЕкоМозаик” ДООЕЛ Скопје присуствуваа на работилница на Тема “Управување со отпад од електрична и електронска опрема во Република Македонија“ (прочитај повеќе);
  • Консултантскиот тим на „ЕкоМозаик“ започна со подготовка на Локален Акционен План за животна средина (ЛЕАП) за Општина Гази Баба за периодот 2013-2017 година, согласно барањата на националното законодавство и ЕУ практиките. (прочитај повеќе);
  • Во периодот од 19 до 21 Септември 2013 во Скопје се одржа 3та меѓународна конференција на тема “Управување со отпад и климатски промени во организација на Министерство за животна средина и просторно планирање, АДКОМ Здружение на даватели на комунални услуги во РМ, ЈП “Комунална хигиена” – Скопје и ДРИСЛА Скопје ДОО (прочитај повеќе);
  • На 12.6.2013 година во Центарот за развој на Североисточниот плански регион се одржа  јавна расправа по Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот „Изградба на инсталација за производство на електрична и топлинска енергија преку горење на отпад во Северо -источниот плански регион“.  (прочитај повеќе);
  • Локалниот Акционен План за животна средина за Општина Чаир е предаден на општината со желби за успешна реализација (прочитај повеќе);
  •  Нашите експерти го подготвуваат Планот за вклучување на јавноста во процесот на подготовка на Национална Студија за тарифирање во секторот води (Europe Aid /130917/D/SER/MK);
  •  Повикот за апликации за Програмата еко – иновативност е отворена и понудите се очекуваат до 05.07.2013 (http://ec.europa.eu/environment/eco-innovation/ ).