Стратегиска оцена на влијание врз животната средина

Искуство на тимот на “ЕкоМозаик“ во спроведување на постапката на Стратегиска оцена на влијание врз животната средина

Во соработка со локалната самоуправа во Република Македонија и приватни инвеститори Експертот за стратегиска оцена на влијание врз животната средина и експертскиот тим на “ЕкоМозаик” изготви голем број на Извештаи за Стратегиска оцена на животната средина за плански документи (Референтна Листа SEA).

Тимот на “ЕкоМозаик“ е член на Меѓународната Асоцијација за Оценка на влијание врз животната средина (International Association for Impact Assessment – IAIA/ www.iaia.org од 2005 година и ги следи најновите техники и методи за оценка на влијание за животна средина.

Дел  од тимот досега  учествуваше на IAIA Конференции (Бостон, САД, 2005, Прага, Чешка 2006, Акра, Гана 2009) со свои трудови и обуки на тема Оценка на влијание на проекти врз животната средина (ОВЖС/EIA) и Стратегиска оцена на влијание врз животната средина (СОЖС/SEA)  и на националната Конференција за стратегиска оцена на влијание врз животната средина која се одржа во Скопје 2011 година.

Што е Стратегиска оцена на влијание врз животната средина (СОЖС)?

Согласно законската регулатива од областа на животната средина при подготовка на seaкраткорочни, среднорочни и долгорочни плански документи на национално и локално ниво за развој на општините во сите аспекти (урбан развој, индустрија, развој на мали и средни претпријатија, стопански комплекси, туризам, земјоделие, транспорт и др.) потребно е спроведување на постапка за Стратегиска оцена на влијание на планскиот документ кој се подготвува (план, програма или стратегија) врз животната средина.

Различни нивоа на употреба на EIA/ОВЖС и  SEA/СОЖС

прочитај повеќе


Цел на Стратегиската оцена на животната срединаsea3

Цел на Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина е навремено да ги вклучи целите на заштита и унапредување на животната средина дефинирани со националните, регионалните и локални стратешки документи во целите дефинирани при изработката на Нацрт планската документација од страна на планерите или изготвувачите на стратегискиот документ.

Постапката за стратегиска таегиска оцена на влијание врз животната средина е правно обврзувачка во согласност со националното законодавство (Глава X од Закон за животна средина – Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 124/10, 51/11, 123/12, 51/13 и подзаконските акти) и со нејзино навремено спроведување се обезбедува идентификување на сите можни негативни и позитивни влијанија на планот, програмата или стратегијата врз животната средина, се дефинираат алтернативи и можни мерки за ублажување, намалување или одбегнување на негативните влијанија врз сите елементи на животната средина.

Во рамките на изготвување на Извештаите за СОЖС Експертскиот тим на “ЕкоМозаик“ ги спроведува следните активности:

    • Врши посети на предметна локација,
    • запознавање со урбанистичката документација, планскиот опфат намената на земјиштето и планираните функции на опфатот,
    • идентификација на веќе дефинираните цели за заштита и унапредување на животната средина во стратешки документи на локално, национално и меѓународно ниво,
    • Преглед и анализа на сегашната состојба со животната средина во предложениот плански опфат и неговата непосредна близина – градот и општината,
    • Идентификација на осетливите елементи на животната средина во предметниот опфат кои би биле и најзагрозени од реализацијата на целите на планскиот документ,
    • Дефинирање на цели на Стратегиска оцена на животната средина за предметниот опфат и индикатори преку кои би се следела реализацијата на планскиот документ,
    • Идентификација на можните негативни влијанија од реализирањето на Извештајот за Стратегиска оцена на влијание на планскиот документ врз клучните елементи на животната средина вклучувајќи го и здравјето на луѓето,
    • Проценка на видот, природата, јачината, времетраењето, реверзибилноста, значењето на влијанијата и нивните кумулативни зависности,
    • Експертска проценка дали влијанијата можат да бидат спречени, избегнати, ублажени и/или компензирани,
    • Подготовка на превентивни и корективни мерки за ублажување на влијанијата на планот врз животната средина и предлог на План за мониторинг на спроведувањето на предложените мерки,
    • Информирање на сите донесувачи на одлуки и вклучени страни за последиците од реализирање на планот врз животната средина и нивно вклучување во целиот транспарентен процес преку одржување на јавна расправа,
    • Учество на јавна расправа за Извештај за Стратегиска оцена врз животната средина.

sea2

Учество на јавни расправи од страна на експертскиот тим на “ЕкоМозаик