Извештај за проценка од одговорност за еколошка штета за рудник Бучим

Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје како овластена компанија за проценка на вредноста на добрата од областа на животната средина, беше ангажирано од страна на рудник „Бучим“ Дооел Радовиш во периодот Мај – Ноември 2017 година за подготовка на Извештај за проценка од одговорност за еколошка штета од работењето на рудникот во однос на инцидентни состојби кои може да ги нарушат биодиверзитетот, човечките ресурси и материјалните добра на рудникот и околното население.

Тимот на „Екомозаик“  направи истражување на достапна литература за управување со ризици и методологии за идентификација и оценка на ризиците со финансиски инструменти за покривање на трошоците, кои се применуваат за ваков тип на инсталации. Исто така беа спроведени неколку теренски посети на рудникот, водени беа разговори со раководните лица на процесните единици и беа земени во предвид наодите од терен како и искуствата на вработените во рудникот во поглед на можни опасности кон животната средина и како тие управуваат со ризиците.

Наодите од оваа проценка се сумирани во Извештај за Проценка од одговорност за еколошка штета за рудник Бучим, кој дава преглед на оценката на  управувањето со медиумите на животната средина во рамките на рудникот и неговата околина, ги идентификува и оценува ризиците од непосредни/ инцидентни закани од штета врз животната средина во оперативната фаза на рудникот „Бучим“ ДОО Радовиш во однос на честотата на појавување и последиците кои ќе произлезат од нив и предлага финансиски инструменти за надоместување на евентуално настанатата штета.

dav dav