Извештај за стратегиска оцена на животната средина за Национална стратегија за транспорт

Извештајот за стратегиска оцена на животната средина изврши вклучување на целите на заштита на животната средина во целите на Националната стратегија за транспорт. Извештајот за стратегиска оцена на животната средина ќе му помогне на надлежниот орган Министерството за транспорт и врски да добие прецизна слика за очекуваните влијанија кои ќе бидат предизвикани од спроведувањето на стратешките цели на Националната транспортна стратегија и колку ќе го чини вклучувањето на мерките за заштита на животната средина за секој проект (вклучен во стратегијата) одделно.

Со Националната стратегија за транспорт се предвидува реализирање на проекти во патната инфраструктура, железничкиот транспорт, воздушниот транспорт и водениот транспорт.

Имајќи ги во предвид специфичните цели и активности дефинирани во Националната транспортна стратегија, се очекува огромно влијание врз сите медиуми на животната средина, за таа цел идентификуваните СЕА цели ќе помогнат да се оцени степенот на секое влијание одделно.

За секој елемент на СОЖС, Експертот за СОЖС предложи конкретни мерки и активности со цел да се ублажат или минимизираат идентификуваните влијанија. Со цел да се следи спроведувањето на сите предложени мерки, беше подготвен Планот за мониторинг, вклучувајќи фреквенција на следење и надлежна институција.