Генерална Еколошка Ревизија (ГЕР)

Во периодот од декември 2011 до декември 2012 година, Друштвото за технички консултантски услуги

PubAdm

“ЕкоМозаик“ дооел Скопје беше ангажирано за подготовка на Извештаи за Генерална Еколошка Ревизија за дел од погоните од ОХИС:

  •  ОХИС ПЛАСТ М Скопје (ПВЦ Маса, Кополимери и емулзија, Сеење и мелење, опремата од Одделението Сервисни медиуми (старо и ново компресорско); демонтажа на опрема во Погонот PVC суспензија, Секција 400, преточна станица, Силосирање и Иницијатори) и
  •  ГЕР за АД ОХИС МАЛОН (ПАН1, ПАН2 и ПАН3)

Стручниот тим на „ЕкоМозаик“ Дооел, Генералната еколошка ревизија (прочитај повеќе) ја изврши согласно националното законодавство (Закон за животна средина (Сл. весник на РМ. бр. 53/2005, 24/07, 159/08, 83/09, 124/10, 51/11, 123/12, 51/13 и Закон за процена – Сл. Весник бр. 115/10, 158/11, 185/11, 64/12), меѓународните стандарди и оценка на животната средина (ISO, International Assosiaction for Impact Assessment – IAIA, Department for International Development – DFID), општоприфатена методологија и принципи за хемиска индустрија. Беа разгледани технолошките процеси, суровините кои се користеле, беа идентификувани ризиците по животната средина и работниците при престанок со работа на инсталациите, демонтажа на опремата, управувањето со функционалната опрема и управувањето со отпадот.

generalna

Фотографии од направени мерења пред демонтажа на опремата

Подготвените извештаи за ГЕР содржат План на активности со мерки на заштита и План за мониторинг на предложените мерки и одговорни лица за следење и контрола на спроведување на мерките и период на нивно спроведување.