Тања Николовска

Slika TanjaТања Николовска , дипл. инж. по заштита на животната средина

Како дипломиран инженер по заштита на животната средина и своето тринаесет годишно искуство во областа на животната средина, има работено на различни проекти од областа на животната средина, како координатор на проекти за борба со климатски промени и користење на обновливи извори на енергија преку Движење на екологистите на Македонија и Friends of the Earth International, а потоа и на проекти за уредување на парковите и зеленилото како соработник во одделението за паркови и зеленило во Град Скопје. Своето долгогодишно искуство постојано го усовршува со посета на обуки од областа на одржливо користење на ресурси, управување со медицински отпад, управување со хемикалии; најновите прописи за јавни набавки. Стекнатите вештини за комуникација секојдневно ги применува при контактите со клиентите, институциите на национално и локално ниво, НВОи, како и со меѓународни организации.

Уште од самото основање на „ЕкоМозаик“ Дооел, вклучена е во тимот за подготовка на  повеќе проекти поддржани од домашни и странски инвеститори. Учествуваше во подготовка на Стратегиска оцена на животната средина за Студија за можностите за регулација на река Брегалница, Центар за развој на Источниот плански регион, преку анализа на стратешки плански документи за секоја општина од Источниот плански регион и разгледување на врска на целите на Студијата со релевантни планови, програми и стратегии.

Има учествувано во подготовка на делови од Студии за оценка на влијанието на проектите врз животната средина и Елаборати за влијание врз животната средина за различни проекти, преку теренски посети и анализа на состојбите со животната средина, утврдување на потенцијалните притисоци врз медиумите на животната средина и давање на предлог мерки за спречување односно ублажување на истите.

Од 2011 година, како Национален експерт за почисто производство учествуваше во подготовка на материјален и енергетски биланс на фабриката „Европа“ АД Скопје и идентификација на потенцијални проекти за почисто производство заедно со тимот од компанијата, како и барање на решенија кои во себе го содржат концептот на почисто производство (минимизирање на генерирањето на отпадот, енергетска ефикасност и одржливо користење на ресурсите и суровините).

Како дел од тимот на ЕкоМозаик, учествуваше во собирање на податоци и подготовка на Генералната Еколошка Ревизија за делови од АД ОХИС Скопје.

 

Довербата е сегашна инвестиција, а нејзините плодови идна придобивка

Тања