Соработка на „ЕкоМозаик“ со Невладини организации

Тимот на „ЕкоМозаик“ интензивно соработува со невладини организации од Македонија, преку заедничко учество на проекти од областа на заштита на  животната средина.

Во периодот 2008 – 2009 година, Експертот за ОВЖС/СОВЖС  г-ѓа Славјанка Пејчиновска – Андонова беше ангажирана на проектот  „ Ефикасност  при  спроведувањето  на  постапките  за  Оцена  на  влијанието  на  проектот врз животната средина и Стратегиска оцена на влијанието на планскиот документ врз животната средина во Република Македонија “, инициран  и спроведен  од  страна  на  центарот  за  истражување,  застапување  и  лобирање  на  теми  од животната  средина  „Македонски  зелен  центар“, а поддржан од Европскиот фонд  за  Балканот  во  рамките  на  “Think  and  link”  –  регионална  програма  за  политики наменета за организациите што ги креираат јавните мислења и институтите за политики (http://www.zeleni.org.mk).

Главната цел на  проектот е  давање поддршка  на  спроведувањето на  постапките  за  оцена  на  влијанието  на  проектот   врз  животната  средина (ОВЖС) и стратегиска оцена на влијанието на планскиот документ врз животната средина  (СОЖС)  во  Македонија  преку  поголемо  влијание  врз  политиките  за донесување одлуки.

Експертскиот тим ја подготви истражувачката  методологија, земајќи  ги  предвид  главните специфики на прашањата што би требало да се вклучат во извештајот.  Основните  методи  за  собирање  податоци и информации  низ  целиот  процес  на  подготовка  на  извештајот  за  ОВЖС/СОЖС,  беа  истражување  на  достапните извори  на  информации  и  податоци  од  официјалните усвоени  стратешки  и  плански  документи, подготовка  и анализа на  неколку  видови  фокусирани  прашалници,  детална  анализа  на  националната  постапка  за  ОВЖС и СОВЖС.

Главно  фокусиран  на истражување  документи  и  истражување  на  терен  заnevladini-org правната  транспонираност  на директивите  за  ОВЖС  (EIA)  и  СОЖС  (SEA)  и  соодветните  мултилатерални  конвенции, истражување  на  реалното  практично  спроведување  на  постапките  за  ОВЖС/СОЖС, ефикасноста  на  учеството  на  јавноста  во  процедурите,  идентификувајќи  ги  главните недостатоци  и препораки за нивното надминување. Главниот резултат  од  спроведеното истражување  и  анализите  базирани  на  истражувачката  работа  е  подготвениот  извештај за  ОВЖС/СОЖС  насловен:  „Ефикасноста  на  спроведувањето  на  постапките  за ОВЖС/СОЖС во Македонија“.