Експертите од “ЕкоМозаик“ ангажирани при подготовка на Национален План за заштита на воздухот во Република Македонија

Експертите од “ЕкоМозаик“ ангажирани при подготовка на

Национален План за заштита на воздухот во Република Македонија

Согласно Законот за квалитет на амбиентениот воздух (Сл. весник на РМ бр. 67/04, измени и дополнувања 92/07, 35/10 и 47/11), Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува Национален план за заштита на амбиентниот воздух (http://www.moepp.gov.mk) кој го усвојува Владата на Република Македонија и истиот е во согласност со барањата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на загадувањето на воздухот (имплементирана преку нејзините осум протоколи).

Експертскиот тим на “ЕкоМозаик” учествуваше во подготовката на Националниот план, односно во анализа на податоците од емисиите на загадувачки супстанции од Секторот Индустрија, вклучувајќи ги трите индустриски сектори (рударство, преработувачка индустрија, снабдување со електрична енергија) и градежништво во која спаѓаат 400 индустриски капацитети лоцирани во 8 плански региони во РМ.

plan

Индустријата учествува со околу 28 % во вкупните годишни емисии на сулфур двооксид, просечно околу 14 % во вкупните годишни емисии на азотни оксиди, додека има голем удел (38 %) во годишните емисии на лесно испарливите соединенија и придонесува кон создавање на просечно 60 % од годишните емисии на цврсти честички. Јагленот како гориво учествува со (80%) и мазутот (7%) во вкупната годишна потрошувачка на горива како резултат на енергетската индустрија (РЕК Битола, РЕК Осломеј), а согорувањето на различните типови на горива во најзастапените индустриските гранки во Македонија директно влијае на годишните емисии на загадувачки супстанции.

plan2Секторите Енергија, Индустрија и Транспорт како најзначајни извори на емисии на загадувачки супстанции беа анализирани детално и прикажано е нивното учество во вкупните емисии на загадувачки супстанции. Континуираното следење на квалитетот на воздухот, емисиите од различните стационарни и мобилни извори, предвидувањата на развојот на главните економски сектори и различните сценарија и симулации на очекувани концентрации на загадувачки супстанции, редовното следење на воведувањето на мерките на редукција на емисии и следењето на здравствениот ризик од нарушувањето на квалитетот на воздухот се предизвик за наредниот период пред сите одговорни институции и учесници во заштитата на животната средина во Република Македонија и креирање на одржлив развој на заедницата.