Спроведени активности во рамките на изработка на ЛЕАП за Општина Чаир

Спроведени активности во рамките на изработка на ЛЕАП за Општина Чаир

Локалниот  Акционен план за животна средина претставува стратешки плански документ за Општина Чаир за следниот период од шест години (2013 – 2018 год.) со идентификувана сегашна состојба на животната средина и урбаниот развој на Општина Чаир како резултат на природните услови, економските активности и социјалниот развој на нашите граѓани, значајното природно и културно наследство и со дефинирани клучни предизвици и предложени мерки и активности за решавање на истите.

Општина Чаир претставува густо населена општина, целосно урбана, со мал број на индустриски капацитети/производни погони од прехранбениот сектор, угостителски објекти, автоперални и автосервиси, поголеми и помали здравствени установи, неколку пазари и поголеми супермаркети, но и големи сообраќајници и голема фреквенција на луѓе и возила низ општината и сето ова претставува притисок врз животната средина и индиректно на здравјето на нашите граѓани.

cair

Дел од јавните установи во Општина Чаир

Во периодот ноември – декември 2012 год. нашиот Консултантскиот тим помогна при процесот на подготовка на ЛЕАП документот имајќи ја во предвид Националната Методологија за изработка на ЛЕАП (DPSIR методологијата).

cair2

Дел од состаноците со ЛУК и работните групи при изработка на ЛЕАП за Општина Чаир

Консултантскиот тим подготви тематски прашалници за 5 групи на деловни субјекти на територија на Општина Чаир (индустриски капацитети / производни погони, угостителски објекти,  здравствени установи,  бензиски станици, автоперални/автосалони/вулканизери), со цел да ги идентификува најважните извори на притисоци врз различните медиуми на животната средина.

cair3

Дел од деловните субјекти во Општина Чаир

Консултантскиот тим на “ЕкоМозаик” заедно со претставници од администрацијата на Општина Чаир извршија теренски посети на некои од релевантните деловни субјекти, на кои преку пополнување на тематските прашалници се добиваа податоци за управувањето со отпад, емисии во вода, воздух, управувањето со хемикалии.

Како резултат на спроведената анализа на сегашната состојба, тематските прашалници и анкетните листови за граѓаните беше идентификувана сегашната состојба со животната средина, главните притисоци и се дефинираа клучните предизвици со кои ќе треба општинската администрација  да се соочи во следниот период. Користејќи повеќе критериуми беше извршена приоретизација на клучните предизвици и за сите беа предложени препораки за нивно надминување, а за најприоритетните беше развиен Акционен План и План за набљудување и следење.

Изработката на Локалниот Акционен План за животна средина претставуваше огромен предизвик за тимот на ЕкоМозаик, бидејќи Општината за прв пат го изработува овој стратешки документ, како и поради своите специфики на општина со најмала територија во РМ и во целост урбана.