ВОВЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА MKC EN ISO 14001:2006 ВО Друштвото “ЈУГОХРОМ ФЕРОАЛОЈС”

Експертскиот тим на Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик” Дооел Скопје помогна во воведувањето на Систем за управување на животна средина MKC EN ISO 14001:2006 во Друштвото “Југохром Фероалојс”.
Друштвото “ЕкоМозаик” заедно со надворешни интерни проверувачи за MKC EN ISO14001:2006,   учествуваше во подготовката на целокупната документација потребна за воведување на Систем за управување на животната средина MKC EN ISO 14001:2006 во Друштвото “Југохром Фероалојс”.
IMG_4999Инсталацијата претставува комплексна целина во која: се создаваат големи количини на различни типови на отпад, претставува голем емитер на излезни гасови во воздухот, емисии во вода, како резултат на технолошкиот процес кој се одвива – производство на феролегури.

Согласно барањата од Системот за менаџмент на животна средина МКС EN ISO 14001:2006 консултантите од Друштвото “ЕкоМозаик”  заедно со одговорните лица од Секторот за Екологија во Друштвото “Југохром Фероалојс”:

*  ги идентификуваа аспектите на животната средина и извршија вреднување на нивното влијание врз медиумите на животната средина,

*  дефинирање на  “Политиката за животна средина”,

* беа идентификувани општите и посебни цели и програми за сите значајни аспекти, рокови и финансиски средства за нивна реализација,

*  одржаа Обука за интерни проверувачи и Обука на вработените за користење на документацијата од Систем за управување на животната средина MKC EN ISO 14001:2006,

*  воспоставување на Процедура за интерно и екстерно комуницирање, Процедура за управување со документи, Процедура за управување со отпад, Процедура за управување со неусогласености, Процедура за спроведување на корективни мерки, Процедура за управување со записи, Процедура за спроведување на интерни проверки, Процедура за преиспитување на врвното раководство,

*  се подготвија: Програма за управување со отпад и Програма за управување со хемикалии.