Надзор на проектот за Реконструкција на железничката линија Коридор 8 Секција Куманово – Белјаковце

koridor1

Експертскиот тим на „ЕкоМозаик“ како подизведувач на шпанската компанија “EPTISA” ќе биде присутен да го надгледува спроведувањето на мерките за заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа при изведбата на градежните активности од страна на изведувачот “Wiebe”, за време на реконструкција на железничката линија Коридор 8 Секција Куманово – Белјаковце во должина од 31 км. Изградбата на оваа секција од железницата е предвидено да трае три години.

koridor 2

Акцентот е ставен на следење на спроведувањето на Планот за заштита на реките во чија близина се одвиваат градежните активности, План за управување со опасни хемикалии, План за управување со отпадот кој се создава на терен, План за заштита на почвата и др. плански документи воспоставени од страна на изведувачот.

За овој временски период нашиот консултантски тим ќе врши редовни теренски посети, преглед на воспоставената документација (планови и чек листи) од страна на изведувачот преку која Изведувачот ќе може да демонстрира дека превзема превентивни мерки за заштита на биодиверзитетот, здравјето на околното население, воздухот, почвата и водата, правилно ќе управува со сите фракции на отпад кои ќе се создаваат на градилиштето и ќе води евиденција за управувањето со аспектите на животната средина.