Општини, Град Скопје, Центри за плански регионален развој

opstini

    • Подготовка на стратешки плански документи: Локален Акционен План за животна средина (ЛЕАП)
      (прочитај повеќе), Катастар на загадувачи (прочитај повеќе), Стратегија за локален економски развој
      (ЛЕР), Стратегија за одржлив развој, План и програма за управување со отпад, и др.;
    • Изработка на Елаборати за заштита на животната средина (Еколошки елаборати) кога Општината иницира
      реализација на проект (прочитај повеќе);
  • Изработка на Извештај за Стратегиска оценка на животната средина за планови, програми и стратегии
    кои имаат влијание врз животната средина (прочитај повеќе);
  • Изработка на Студија за оценка на влијанието на проектот врз животната средина, кога Општината
    иницира реализација на проект (прочитај повеќе);                          opstini2
  • Проценка на еколошка штета на ниво на Општината;
  • Помош при подготовка и спроведување на јавни кампањи за информирање на јавноста, активно вклучување на јавноста во процесот на донесување на одлуки од областа на животната средина и пристапот до правда;
  • Испорака на тренинзи за зајакнување на капацитетите на јавната администрација за новата законска регулатива од областа на животна средина, стратешко планирање, современи практики за управување со отпад; управување со отпадни води; подобрување на квалитетот на воздух и мониторинг на емисиите на штетни материи во различните медиуми на животната средина како и обука за локалното население за “зелени вештини”;
  • Поддршка при подготовка на проекти и проектни задачи за национални, регионални и ЕУ фондови и испорака на обука за можностите за финансирање на проекти;
  • Подготовка на Студии за изводливост и инвестициона документација за различни инфраструктурни проекти.