Катастар

Катастар на загадувачи на територија на Општина Карпош 2012

Во период мај – октомври 2012 год. експертите од Консултантскиот тим на Друштвото за технички консултантски услуги “ ЕкоМозаик“ го подготвија првиот Катастар на загадувачи на локално ниво во Македонија изготвувајќи го Катастарот на загадувачи на територија на Општина Карпош (www.karpos.gov.mk).

Што е Катастарот?

Катастарот на загадувачи претставува База на податоци на деловни субјекти -  потенцијални загадувачи на воздухот, водите и создавачи на  отпад на територија на Општина Карпош и  содржи информации и податоци за вкупно 242 деловни субјекти кои функционираат на територија на општината, групирани во 5 категории.

katastar

Зошто Катастар? 

Потребна е идентификација на потенцијалните загадувачи и притисоците кои тие ги вршат врз животната средина и здравјето на луѓето за да може да се планираат и превземаат мерки за одржливо живеење на заедницата.

Како може да го користите Катастарот откога заедно ќе го подготвиме?

Катастарот на загадувачи претставува корисна алатка при планирањето во областа на животната средина посебно при:

  • анализи на квалитетот на медиумите и поставување на мерки за превенција, намалување или ублажување на негативните состојби со квалитетот на воздухот, водите и почвата или нарушените екосистеми;
  • при  подготовка на стратешки плански документи на општинско и градско ниво (ЛЕАП, ЛЕР, програми и планови за управување со отпад на ниво на Град Скопје, регионални програми;
  • клучна улога ќе има при урбанистичкото и просторно планирање на земјиштето на локално и регионално ниво земајќи ги во предвид локациската поставеност на субјектите – потенцијални загадувачи и нивната меѓусебна интеракција или кумулативните влијанија;
  • анализа на веќе превземените  и потребни мерки на деловните субјекти во намалување на нивното влијание врз животната средина;
  • иницирање и успешно спроведување на заеднички проекти за “ зелена општина “ меѓу општинската администрација и деловниот свет;
  • успешно  спроведување на редовна контрола и инспекциски надзор.

kastar2

Фотографии од активности при изработка и промоција на Катастар на загадувачи на Општина Карпош

Бидете Вие следна општина во Македонија која ќе подготви Катастар на загадувачи.

Јавете ни се!!!

Ќе подготвиме методологија која ќе одговара на Вашите потреби и Катастар на загадувачи кој ќе Ви помогне подобро и поефикасно да управувате со животната средина.