Наша визија
Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик” Дооел Скопје, е компанија во која работат стручни, професионални и искусни консултанти ориентирани кон потребите на клиентите.
Наша главна цел е да понудиме интегрирана високо стручна услуга на клиентите која ќе биде во согласност со законските норми, но и со најдобрите ЕУ и светски практики, технички норми и стандарди во областа на:
- Унапредување на животната средина;
- Ефикасно користење на ресурси (суровини, вода, енергија) и користење на обновливи извори на енергија;
- Воведување и спроведување на концепт за почисто производство и анализа на животниот циклус на производите;
- Одржливо производство и еко дизајн;
- Подготовка на инвестициона документација во согласност со националните и ЕУ барања за апликации со проекти и проектен циклус;
- Зајакнување на капацитетите на јавната администрација и претставници на производните и услужните фирми за теми блиски до интегрираната заштита и превентивната контрола од загадувањето на сите медиуми на животната средина.
Новости
Консултантски услуги
Производни и услужни фирми Општини, град Скопје Владини институции Меѓународни институции Невладини организации
Ако Ви треба партнер во обезбедување на одржливо производство, воведување на превентивни мерки за заштита на животната средина, ефикасно користење на ресурсите и обезбедување на низок еколошки отисок на Вашата компанија, кликнете тука
Побарајте не заедно да ги подготвиме Вашите стратешки плански документи од областа на животна средина, да Ве информираме за најновите ЕУ практики во управувањето со вода, отпад, почва, квалитет на воздух, климатски промени на локално и регионално ниво, кликнете тука
Можеме да Ви помогнеме во обезбедување стручна помош при подготовка на национални стратешки документи, законски прописи кои лесно се спроведуваат на национално и локално ниво и при зајакнување на капацитетите на јавната администрација, кликнете тука
Нашиот консултантски тим со задоволство ќе го прифати повикот за партнерство при реализација на проекти од областа на заштита на животна средина и оценка на предлог проекти. Нашите услуги погледнете ги тука
Подготвени сме во секое време да дадеме техничка консултантска помош на невладиниот сектор при дизајнирање на јавни кампањи, истражувања и спроведување на проекти и обезбедување на дијалог со сите чинители. Погледнете како