Надзор при изградба на хидројаловиште бр.4 за рудник САСА на аспекти за животна средина и безбедност и здравје при работа

Од месец декември 2018 година компанијата ЕкоМозаик спроведува Надзор над активностите за изградба на хидројаловиште бр.4 во рудник САСА со осврт на примена на мерките за заштита на животната средина и заштита при работа при изведба на градежните активности.

Во рамки на активностите тимот на ЕкоМозаик спроведуваше: теренски посети, преглед на документацијата на Изведувачот поврзана со заштита на животна средина и безбедност при работа, преглед на подготвените Планови од страна на Изведувачот, одржување на состаноци со одговорни лица од рудник САСА и одговорни за изведување на градежните активности, подготовка на Извештаи од спроведени теренски посети и прегледана документација.

Исто така дел од ангажманот беше и следење на спроведувањето на предложените мерки и активности за надминување на несообразностите поврзани со заштита на животна средина и безбедност при работа. Претставници од компанијата го следеа во континуитет текот на градба на хидројаловиштето и сите промени во однос на ангажиран персонал, механизација, опрема, комуникација со локално население и надлежни институции.