Stakeholder Engagement Plan (SEP) for lead and zinc mine SASA DOOEL Makedonska Kamenica

Во период од јули 2017 до февруари 2018, тимот на ЕкоМозаик подготви План за вклучување заинтересирани страни (ПВЗС) за Рудникот Саса. Во рамките на Планот се разви општа рамка за целиот рударски комплекс, неговото влијание врз животната средина и социјалното влијание врз општеството, како и практиката и искуството за комуникацијата со заинтересираните страни. Планот е изработен врз основа на постојните односи на рудник Саса со службениците од националните и локалните власти, од НВО и граѓанските организации преку обезбедување стратегија за партнерство со потенцијалните заинтересирани страни со цел одржување на овие односи и заради осигурување значајна соработка во текот на деловните развојни активности и при настани со итни случаи.

Севкупната цел на ПВЗС е да обезбеди за Рудникот Саса рамка за вклучување заинтересирани страни, која содржи различни пристапи, алатки и методи што за инсталацијата може да го олеснат процесот на координација и вклучување на различните заинтересирани страни во текот на секојдневното работење на „Саса“, на деловните развојни активности и при настани од итен карактер.

SASA-MK