ЕКОМОНДО

Во периодот 8 – 11 ноември 2016 во Римини Италија ќе се одржи 20тиот јубилеен настан кој ги собира на едно место експертите од областа на животна средина и енергетска ефикасност од сите страни на светот „ЕКОМОНДО“ 2016. Оваа година, на саемот се најавени преку 100.000 посетители кои ќе имаат прилика да се претстават и да се сретнат со своите колеги од различни земји и да дискутираат за теми од циркуларната зелена економија  и клучните аспекти во енергетиката. На овој голем настан ќе присуствуваат и двајца претставници на „ЕкоМозаик“, па очекувајте наскоро информации за најновите трендови во областа на заштита на животната средина, зелената економија и клучните аспекти во енергетиката.

За повеќе информации посетете ја официјалната страна на саемот www.ecomondo.com или официјалната FB страна на ЕкоМозаик.

Следете не!