Интегриран систем за управување со животна средина и здравје и безбедност при работа

Консултантскиот тим на Друштвото за технички консултантски услуги ЕкоМозаик Дооел Скопје работеше на воведување на интегриран систем за управување со животната средина и безбедноста и здравјето при работа ISO 14001:2015 / OHSAS 18001:2007 во Цермат Доо Битола како дел од менаџмент планот за управување со животната средина и социјалните аспекти на компанијата. За таа цел консултантскиот тим работеше на подготовка на комплетната документација за имплементација на интегрираниот систем, поддршка за Компанијата во процесот на идентификување и проценка на потенцијалните влијанија и ризици поврзани со постојните и идните дејности на компанијата врз животната средина, здравјето и безбедноста и воведување на потребните мерки за ублажување и управување со цел да се обезбеди целосна усогласеност со националните , ЕУ и ЕБОР барањата, подготовка на План за вклучување на засегнати страни, вклучувајќи ја и политиката за безбедност на патиштата и кодекс на однесување при транспортот, бидејќи компанијата располага со сопствен возен парк за дистрибуција на стоки и производи.

Му благодариме на тимот на Цермат за одличната соработка и продуктивни дискусии за време на имплементирањето на системот.

20180208_103312 20180208_110940 20180208_104631