Локален Акционен План за животна средина (ЛЕАП) за Општина Гази Баба 2013-2017

leap

Тимот на „ЕкоМозаик“ заедно со одговорните лица на општината ја идентификуваше сегашната состојба на животната средина и урбаниот развој како резултат на природните услови, економските активности кои се одвиваат многу интензивно на територија на Општина Гази Баба и социјалниот развој на граѓани, како и значајното природно и културно наследство.

Главната цел при подготовката на ЛЕАП за Општина Гази Баба беше да се идентификува состојбата со животната средина во сите тематски области (урбан развој, воздух, отпад, бучава, почва и земјиште, природа/природни реткости и културно наследство), да се започне процес на учество на јавноста за дефинирање на најприоритетните проблеми за кои ќе се предложат мерки и активности за решавање на истите со дефинирани одговорности и план за набљудување и оценување на успешноста на спроведувањето во текот на годините.

Имајќи во предвид дека Општината претставува индустриско, образовно и комуникациско средиште на градот Скопје и е најголемата индустриска зона на градот Скопје и Република Македонија, на чија територија се создава третина од општествениот производ на Република Македонија, со големо внимание ги дефиниравме клучните приоритетни предизвици со кои ќе се соочи Општината во наредниот шест годишен период во поглед на подобрување на квалитетот на воздухот, обезбедување на квалитет на површинските и подземните води, правилно управување со сите фракции на создаден отпад на ниво на Општината, заштита на природните реткости и одржлив урбан развој на Општината.

gazi baba

Локалниот Акционен План за животна средина како плански и развоен документ на општината прифатен од страна на Советот на општината ќе овозможи:

  • Да ја поттикне локалната заедница да преземе конкретни обврски и грижа за животната средина преку спроведување на мерките и активностите дадени во Акциониот План;
  • Да се иницира дијалог базиран врз аргументи и дефинирани приоритети меѓу претставници од Општината и меѓународните финансиски институции околу финансирање на проекти од областа на животната средина;
  • Да се планира развој на Општина Гази Баба врз основа на реални расположливи ресурси, врз принципите на одржлив развој;
  • Да се воспостави соработка со надлежни владини институции и други општини во Град Скопје за обезбедување успешен регионален развој;
  • Да се обезбедат поволности во рамките на општинските надлежности кои ќе доведат до привлекување на инвестиции во стопанскиот сектор што ќе обезбеди развој на локалната економија;
  • Да се преземат конкретни активности на локално ниво, во вид на акции и мерки за подигнување на свеста на населението за значењето на заштитата и унапредувањето на животната средина.