Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива

ЕкоМозаик беше дел од Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа презентација на новиот агрегатен веб портал www.biznisregulativa.mk и алатките кои ги нуди. Овој Проект има за цел да се идентификуваат предлози за подобрување на постојните законски/подзаконски постапки, барања, услови и временски периоди на спроведување на постапките кои произлегуваат од законите за животна средина, за подобро бизнис опкружување на трговските претпријатија.

Biznis regulativa

Порталот е продукт на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал заедно со четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.

Сектори од интерес на Проектот се: туризам, текстил, градежништво, земјоделие и ИТ.

EkoMozaik Epicentar

М-р Славјанка Пејчиновска – Андонова, како член на тимот на експерти во рамките на рубриката ПРАШАЈ ЕКСПЕРТ на веб порталот можете да ја консултирате за прашања поврзани со законската регулатива за заштита на животната средина.