Ревизија на енергетска ефикасност и План за управување со енергија во Рудник Бучим ДОО Радовиш

Со цел да се направи детална анализа на потрошувачката на енергија во сите технолошки процеси и да се подготви План за енергетска ефикасност за следниот период, рудникот Бучим го ангажираше Друштвото за технички консултантски услуги Еко Мозаик ДООЕЛ Скопје за изработка на Ревизија на енергетска ефикасност и План за управување со енергија во Рудник Бучим – Радовиш во периодот јануари – јуни 2017.

Експертскиот тим на ЕкоМозаик за ревизија на енергетската ефикасност во рудникот и подготовка на Планот користеше неколку методи: посети на објектите  на рудникот, собирање и анализа на податоците за потрошувачка на енергија за сите погони и административните згради, интервјуа со одговорните лица за производство и одржување на опремата и процесите, преглед на погоните и системите кои користат енергија со кратки мерења (термовизиски снимки) на загуби на енергија, анализа на податоците за потрошувачка на енергија за поголемите (позначајните) потрошувачи, воспоставување на енергетски индикатори, ефекти врз животната средина од редукцијата на потрошувачка на енергија во анализираниот период и дефинирање на потенцијалот и мерките за намалување на потрошувачката на енергија и придобивки за животната средина.

Врз база на применетата методологија, тимот на ЕкоМозаик изработи План за спроведување на мерки за подобрување на енергетската ефикасност, како и влијанијата врз животната средина од предложените мерки.

IMG_0001 IMG_0002