Славјанка Пејчиновска Андонова

Славјанка Пејчиновска-Андонова, дипл. инж. технолог има повеќе од 18 години интензивно искуство во областа на животна средина (води и отпадни води, управување со отпад, управување со хемикалии, климатски промени, квалитет на воздух, контрола на индустриско загадување, вклучување на јавноста) испорачувајќи консултантски услуги на индустрискиот сектор, меѓународните финансиски институции (Светска Банка, Европска банка за обнова и развој, Јапонска агенција за меѓународна соработка) и владини институции вклучувајќи ги и општините.

Како Национален Експерт за стратегиска оцена на животната средина и Експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина од 2009 година (www.moepp.gov.mk) има работено на Студии за оценка на влијание врз животната средина на проекти од област на енергетика, транспорт и третман на отпадни води (Мали хидроелектрани, ЕЛЕМ, Железнички коридор VIII Источна делница од Македонија до Бугарија, Изградба на инсталација за производство на електрична и топлинска енергија преку горење на отпад во Северо – источен плански регион, Пречистителна станица за отпадни води за град Скопје и др.).

Голем предизвик и беше воспоставувањето на методологија за подготовка на Извештај за стратегиска оцена на планови и програми врз животната средина и досега има подготвено над 30-тина документи при развој на урбанистички и просторни планови, како и националната методологија за подготовка на ЛЕАП документи преку адаптација на DPSIR методологијата и водење на целиот процес на подготовка на ЛЕАП документи за голем број на општини во Македонија и Косово. Таа го предводеше тимот при подготовка на методологија за изработка на Катастар на загадувачи за Општина Карпош и подготовка на првите Планови за редукција на емисии во воздух од Големите Согорувачки Инсталации во Македонија (во однос на барањата од Директивата за Големи Согорувачки Инсталации).

Таа има објавено и презентирано научни трудови на меѓународни конференции (Бостон во 2005, Прага 2006, Гана – мај 2009 год. и Скопје 2011 годи.) поврзани со темата оценка на влијание врз животната средина и трудови кои се однесуваат на еко етикетирање на хотели, и еколошките  критериуми за бои и превлаки; методологија за изработка на ЛЕАП, дефинирање на индикатори за стратегиска оценка на влијание врз животна средина, истражување и подготовка на инвентар на индустриски POPs хемикалии во Македонија (PBDEs и PFOs).

Славјанка Пејчиновска Андонова е UNIDO Експерт за почисто производство од 2008 година интензивно работејќи со индустрискиот сектор во РМ воведувајќи ја методологијата за почисто производство фокусирајќи се на користење на енергијата, водата и управување со отпадот, намалување на количините на отпад и управување со хемикалии во неколку компании. Одржувала обуки за претставници на компании во текот на обуките за почисто производство.

Во 2014 година таа има работено на развојот и насоките за спроведување на SEVESO барањата а исто така одржа и дводневна обука за SEVESO инсталациите во Македонија. Таа има искуство за вршење на проценка на состојбата со животната средина во Македонија и во земјите на ЕУ.

Таа има огромно искуство во управување со проекти и учествувала со својата експертиза во голем број на национални и меѓународни проекти од областа на животната средина.

Славјанка Пејчиновска Андонова е член на:

  • Меѓународна Асоцијација за оценка на влијанија,
  • Комисијата за најдобри достапни техники на МЖСПП основана од Влада на РМ,
  • Комората на овластени инженери технолози на Република Македонија,
  • Комората на овластени инженери за животна средина во Република Македонија,
  • Асоцијација на инженери за животна средина во Република Македонија,
  • Технички Комитет за лаборатории на Институтот за акредитација на Република Македонија,
  • Водечки оценувач на тела за акредитација во Институтот за акредитација на РМ,
  • Член во тимот на Национални Експерти на Националниот Центар за почисто производство,
  • Член на Агенција за енергетика на Република Македонија,
  • Член на Менаџмент Консалтинг Асоцијација.

Поседува лиценци и овластувања за:

  • Потврда за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина (издадена од МЖСПП, 2009 година),
  • Потврда за положен стручен испит за стекнување на статус експерт за стратегиска оцена на животната средина (издадена од МЖСПП, 2009 година),
  • Овластен инженер со овластување А за надзорен инженер од технологија/металургија (издадена од Комора на овластени архитекти и инженери, 2011 година),
  • Овластен инженер со овластување А за ревизија на проектна документација од технологија/металургија (издадена од Комора на овластени архитекти и инженери, 2011 година),
  • Овластен инженер со овластување А за изработка на проектна документација од технологија/металургија (издадена од Комора на овластени архитекти и инженери, 2011 година),
  • Сертификат за национален експерт за почисто производство (издаден од УНИДО (United Nations Industrial Development Organization), 2008 година),
  • Уверение за проценувач од областа на процена на вредноста на добрата и влијанијата врз животната средина (Уверение издадено од МЖСПП, 2012 година).

“Секогаш давајте повеќе од она што другите очекуваат од Вас…Давајќи, Вие всушност добивате многу, многу повеќе… “

Славјанка