Јелена Миливановиќ

Jelena web

       Јелена Миловановиќ, дипломиран еколог

За време на студирањето беше активна во теренски акции, волонтираше во ИДСБ (Истражувачко Друштво на Студенти Биолози) и Македонско Еколошко Друштво. По завршувањето на студиите  се има стекнато со солидно искуство во областа на анализа на физичко-хемиски и микробиолошки параметри на питки, површински и отпадни води. Своето работно искуство во консултантскиот тим на „ЕкоМозаик“ го започна во 2014 година каде зема активно учество во изработка на проекти за заштита на животна средина – Елаборати за заштита на животна средина. Беше активно вклучена во процесот на имплементацијата на Системот за управување со животната средина МКС ISO 14001 во компанијата за производство на феролегури „Југохром Фероалојс“, Јегуновце преку теренска посета и изработка на дел од потребната документација – Програма за употреба на хемикалии. Има присуствувано на семинар за опасен отпад (2011), седма меѓународна конференција за електронски отпад (2011), обука за примена и на ISO 17025 во лабораториите за тестирање и калибрација (2012), работилница за тарифирање на водата (2014) и работилница за климатски промени (2014). Даде свој придонес и во изработката на проценката на влијанијата на проектот за гасификација на Источен и Западен Плански регион. Со задоволство дава придонес во секојдневниот развој на Друштвото а воедно придонесува и кон надградување на сопствените знаења и вештини.