Елаборати за заштита на животната средина

Подготовка на Елаборати за заштита на животната средина

Стручниот тим на Друштвото за технички консултантски услуги „ЕкоМозаик“ Дооел – Скопје, од своето основање до денес има изработено голем број на Елаборати за заштита на животната средина за повеќе општини во Македонија како и за приватни домашни и странски инвеститори ( референтна листа )

Приподготовка на Елаборатот за заштита на животна средина, Експертот за оценка на влијанието на проектите врз животната средина од Листата на Експерти на МЖСПП заедно со тимот на “ЕкоМозаик” Дооел:

  • Утврдува каде припаѓа проектот согласно наведените Уредби за дејности и активности за кои задолжително се изготвува Елаборат, односно органот кој е надлежен за негово одобрување;
  • Ја разгледува доставената техничка документација за проектот,
  • Спроведува неколку посети на предметната локација,
  •  Идентификува сегашната состојба со животната средина на предметната локација и во нејзината околина (површински и подземни води – квантитет и квалитет, управување со отпадот – постоење на диви депонии, нивоа на бучава и вибрации, квалитет на воздухот на предметната локација и можни извори на емисија на загадувачки материи во воздух, почва, управување со хемикалии и друго),
  •  Ги разгледува техничките податоци за планираниот проект со посебен акцент на материјалниот и енергетски биланс,
  •  Го идентификува влијанието од реализацијата на проектот врз различните елементи на животната средина користејќи Леополд Матрици и степени на осетливост на медиумите,
  • Земајќи ги во предвид негативните влијанија подготвува Програма за заштита на животната средина со предлог на мерки за спречување, ублажување и намалување на негативните влијанија и заштита на животната средина.

Елаборатот за заштита на животната средина е законска обврска за постојните и идни инвестиции.

Законска обврска – прочитај повеќе

Согласно Законот за животна средина (Службен весник на РМ. бр. 53/2005, 24/07, 159/08, 83/09, 124/10, 51/11, 123/12, 51/13) и Уредбата за дејности и активности за кои задолжително се изготвува Елаборат, а за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина (Сл. Весник на РМ бр. 80/09, измени бр. 36/12), односно Уредбата за дејности и активности за кои задолжително се изготвува Елаборат, а за чие одобрување е надлежен Градоначалникот на општината, Градоначалникот на Градот Скопје и Градоначалникот на општините во градот Скопје (Сл. Весник на РМ бр. 80/09, измени бр. 32/12), правните и физичките лица кои вршат дејности и активности определени со наведените уредби, се должни да изработат Елаборат за заштита на животната средина или да го изменат постојниот Елаборат со цел да го усогласат своето работење со пропишаните стандарди за квалитет на животната средина и пропишаните гранични вредности на емисии.

Подготвениот Елаборат за заштита на животната средина, се доставува до Инвеститорот, кој потоа го доставува Елаборатот до Органот надлежен за негово одобрување кој издава решение со кое го одобрува или не го одобрува елаборатот, како и рокот за секој постоен капацитет во кој треба да се усогласи со пропишаните стандарди за квалитет на животната средина и пропишаните гранични вредности на емисии.