Фазите на подготовка на ЛЕАП
Фазите на подготовка на ЛЕАП се следни:
- Формирање на Локален управен комитет (ЛУК) за изработка на ЛЕАП од страна на Советот на Општината,
- Анализа на расположливи национални и локални релевантни општи податоци, информации и документи за Општина ( Профил на Општина, Стратешки план на Општина) за претставување на генералните карактеристики на Општината и нејзиното место во регионот,
- Дефинирање на репрезентативен примерок на деловни субјекти во однос на вкупниот број субјекти на територија на општината со цел нивна посета и спроведување на интервјуа и собирање на податоци за сегашната состојба и еколошките перформанси на деловните субјекти,
- Подготовка на прашалници за еколошките перформанси на различни групи деловни субјекти и јавни институции за нивно управување со различните медиуми (воздух, вода, отпад, земјиште),
- Дистрибуција на работни листови низ надлежните институции: сектори во Општината,
- Формирање на Тематски работни групи и тесна соработка со консултантскиот тим околу пополнување на Работните листови за идентификација на состојбата со сите медиуми во животната средина,
- Учество на јавноста во идентификацијата на главните проблеми околу состојбата со животната средина преку дистрибуција на анкетни листови и анализа на пополнети анкетни листови,
- Дефинирање на клучните проблеми во сите тематски области и експертска препорака на мерки потребни за решавање на истите,
- Спроведување на процес на приоретизација на клучните проблеми врз база на дефинирани критериуми од страна на членовите на Локалниот управен комитет со цел фокусирање на општинските финансиски и кадровски можности кон решавање на најприоритетните проблеми во Општината,
- Одредување на цели и дефинирање на Планот за спроведување на мерки и активности за решавање на најприоритетните проблеми од сите тематски области со идентификација на надлежни институции, потребен буџет за реализација на активностите и можни извори на финансирање,
- Дефинирање на План за набљудување и оценување на спроведувањето на Акциониот план со идентификација на индикатори за следење, зачестеност и лице одговорно за набљудување и оценување.