Реализација на ЛЕАП
Реализацијата на ЛЕАП како плански и развоен документ на општината фокусиран на временски период од 6 години, прифатен од страна на Советот на општината ќе овозможи:
- Поттикнување на локалната заедница да преземе конкретни обврски и грижа за животната средина преку спроведување на мерките и активностите дадени во Акциониот План;
- Иницирање на дијалог базиран врз аргументи и дефинирани приоритети меѓу претставници од Општината и меѓународните финансиски институции околу финансирање на проекти од областа на животната средина;
- Планиран развој на Општината врз основа на реални расположливи ресурси, врз принципите на одржлив развој;
- Воспоставување соработка со надлежни владини институции и други општини за обезбедување успешен регионален развој;
- Стимулирање на културниот туризам кој ќе ја афирмира општината и ќе обезбеди развој на локалната економија;
- Започнување на конкретни активности на локално ниво, во вид на акции и мерки за подигнување на свеста на населението за значењето на заштитата и унапредувањето на животната средина;
Нудиме искуството, стручност и висока професионалност !!!!