EBRD

Експертиза на “ЕкоМозаик“ во Проект за поддршка на Мали и Средни претпријатија во Македонија финансиран од ЕУ/ЕБОР

Од 2010 година Експертскиот тим на “ЕкоМозаик“  активно ја нуди својата експертиза и  искуство во тимот на Проектни Консултанти на ЕБОР (Европска Банка за обнова и развој) ангажирани во Проектот “ЕУ/ЕБОР Македонија–Инструмент за поддршка на конкурентноста на мали и средни претпријатија (МСП)“.

Тимот на Проектни Консултанти е составен од конзорциум од меѓународни и национални консултанти, ARBOS Management Advisors, ETA Environmental Consulting (www.eta.at) и AAG – Analysis and Advisory Group (www.aag.com.mk) во која учествува и тимовите на “ЕкоМозаик“  и “Деконс – ЕМА” како надворешни консултанти од областа на животна средина.

Цел на проектот

Проектот има цел да ги зајакне капацитетите на малите и средни претпријатија во однос на нивната конкурентност на пазарот на ЕУ, низ примена на стандардите на ЕУ од областа на животната средина, безбедност и здравје при работа и квалитет и сигурност на производи и услуги.  Спроведувањето на стандардите на ЕУ во овие области е долгорочен процес, бара големи вложувања од страна на претпријатијата, добра организација и техничко и финансиско искуство во подготовката на инвестициските планови потребни за добивање на кредити.

Прочитај повеќе

Недостатокот на долгорочно, поволно финансирање на потребните инвестициски вложувања со цел усогласеност со барањата на ЕУ стандардите во Република Македонија е воочено од страна на ЕБОР и банката  обезбеди поволна кредитна линија од 20 милиони ЕУР кои ќе бидат пласирани преку три национални банки за финансирање на инвестиции од страна на мали и средни претпријатија.

Инвестициите треба да водат до подобрување на еколошките перформанси на претпријатијата и до унапредување на стандардите од областа на безбедност и заштита при работа, животна средина и квалитет на производ.

Кај секој потенцијален клиент Проектните Консултанти ги идентификуваат:

А. Статусот на усогласеност на претпријатието со стандардите дефинирани во националното законодавство и барањата кои произлегуваат од директивите на ЕУ од следните области:
1)  Животна средина-примена на обврските од дозволите за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, управување со водите, управување со различните видови на отпад, управување со емисиите во воздухот и воведување на системите за управување со животната средина–ЕМАС и ИСО 14001 серија на стандарди и др;
2)  Безбедност при работа-безбедно управување со хемикалии, експлозивни средства, користење на заштитни средства, изложеност на бучава, вибрации, воведување на OHSAS 18001 стандард и др;
3)  Квалитет на производи и услуги-воведување и одржување на системи за управување ИСО 9000, сертификација на производи и услуги и др;
B. Потребните инвестиции кои треба да обезбедат надминување на евентуалните неусогласености,а опфаќаат: 

  • - вложувања во индустриските постројки,
  • - опрема,
  • - софтвер,
  • - подобрување на управувањето со претпријатието и
  • - генерално подобрување кое ќе доведе до усогласеност со барањата на една или повеќе ЕУ Директиви;

C. Дефинирање на придобивките на претпријатието од  достигнување на ЕУ стандардите во поглед на зајакнување на конкурентноста, зголемување на производните капацитети, перспективно;
D. Подготовка на Бизнис Пан кој сопственикот на претпријатието го поднесува пред некоја од трите банки за кредитно задолжување прифаќајки ги условите на банката за кредитирање.
E. По реализација на инвестицијата согласно Бизнис Планот, Проектните Консултанти вршат мониторинг на изведените инвестициски активности и им даваат помош на клиентите при подготовка на документите  за верификација.

Кои се придобивките за клиентите?

А) Бесплатна консултантска услуга од страна на Проектните Консултанти

Б) Добивање на неповратен грант во износ од 10-20% од износот на кредитот за реализација на инвестицијата  овозможен од ЕУ

В) Чекор поблиску до пазарите на ЕУ.

Досега Проектниот Консултантски Тим подготви 53 Бизнис Планови за МСП од различни сектори (печатарска индустрија, прехранбена индустрија, преработка на дрво и градежни материјали, автосалони и авто механичарски работилници, земјоделски услуги, производтство на пластични маси, сервисни и услужни претпријатија, стаклорезачки услуги и др.), а околу 12 претпријатија ги завршија своите инвестиции и добија неповратен грант (прочитај повеќе – Референтна Листа на МСП кои учествуваа во проектот и кои беа скенирани од нашите експерти за животна средина, безбедност и заштита при работа и квалитет на производи.).