Експерти на “ЕкоМозаик“ – Први Промотори на концептот Почисто производство во Македонија
Во рамките на програмата на UNIDO (United Nations Industrial Development Organization http://www.unido.org) за почисто производство која во Македонија ја спроведува Националниот Центар за почисто производство на Македонија, претставници од ДТКУ „ЕкоМозаик“ Дооел Скопје, како Национални Експерти за почисто производство (http://www.ncpc.com.mk/content/experts) се дел од екипата на Експерти – Први Промотори на концептот Почисто Производство (Cleaner Production) во Македонија.
Концептот „Почисто производство“ е континуирана примена на интегрирана превентивна стратегија за животна средина за процеси, производи и услуги со цел зголемување на ефикасноста и намалување на ризиците за луѓето и животната средина. (http://www.unido.org/ http://www.ncpc.com.mk/).
Националните Експерти ја користеа методологијата на UNIDO за спроведување на концептот за почисто производство. Тие учествуваа во идентификација на потенцијални проекти за воведување на принципите на почисто производство во повеќе компании од Македонија (референтна листа), како и во подготовка на обуки за 12 фирми во кои треба да се формираат тимови и да се идентификуваат потенцијални проекти за почисто производство и преку анализа на енергетскиот и материјалниот биланс да се воочат местата во производниот процес/услуга каде може да се воведат мерки за минимизаирање на отпадот и губитоците на природни ресурси и материјали и да се подобри управувањето со ресурсите, хемикалиите, а со тоа да се обезбедат финансиски придобивки за компанијата.
Националните Експерти обезбедија директна консултантска помош на компаниите „Клинички Центар“ Скопје, „Силмак“ – Јегуновце, „Баџо“ Дооел Експорт – Импорт Богданци, „Ортопетски завод Славеј“ – Скопје и „Европа“ АД Скопје и работа со тимовите од компаниите во барање на решенија кои во себе го содржат концептот на почисто производство (минимизирање на генерирањето на отпадот, енергетска ефикасност и одржливо користење на ресурсите и суровините).
Од страна на Експертите беа подготвени Извештаи за состoјбите со животната средина во „Клинички Центар“ Скопје, „Силмак“ – Јегуновце, „Баџо“ Дооел Експорт – Импорт Богданци, „Ортопетски завод Славеј“ – Скопје и „Европа“ АД Скопје и направени се предлог Проекти за Почисто производство кои се во директна врска со апликациите за ИСКЗ А/Б дозволите за кои овие фирми имаат аплицирано.
Фотографии од компании – учесници во Проектите за воведување на почисто производство
