Марија Николоска

Марија Николоска, дипломиран инженер по заштита на животна средина Slika Marija

Знаењата и вештините стекнати за време на студирањето континуирано ги дополнува преку усовршување од областите: управување со отпад од пакување, бучава во животна средина и стратегиска оцена на влијание на животна средина.

Работно искуство во Град Скопје сектор за заштита на животна средина и природа како дел од соработничкиот тим при изработка на 1 фаза од Студијата за одржлив развој на Град Скопје.

Своето искуство, знаење и желба за напредување секојдневно го спроведува во Друштвото за консултантски услуги “ЕкоМозаик” (2010) учествувајќи во изработка на стратешки плански документи: ЛЕАП (Локален Еколошки Акционен План – Општина Чаир и Општина Карпош), Катастар на загадувачи (Општина Карпош); Извештаи за Стратегиска оценка на влијание врз животната средина (за урбанистичка планска документација низ цела Македонија). Активно учествува во подготовка на национални стратешки документи (Национален план за заштита на амбиенталниот воздух во РМ за период од 2013 – 2018 година, План за редукција на Големи Согорувачки Инсталации во РМ за период 2012 – 2017).

При подготовка на документите има постојана комуникација со заинтересирани страни, обавува посети на терен и има големо искуство на собирање и анализа на податоци користејќи софтверски алатки. Исклучителна аналитичка способност при сумирање на податоци и дефинирање на мерки и решенија за заштита на животната средина, давајќи голем придонес во спроведување на истите. Особено развиена вештина при подготовка на матрици за усогласеност на целите на планските документи со целите на други стратешки документи при изработка на Извештаите за Стратегиска оцена на влијание на животната средина.

Паметниот планира, а мудриот делува,

Марија