Национален Инвентар за намалување или елиминирање на неразградливи органски загадувачи (POPs хемикалии) во Република Македонија

Национален  Инвентар за намалување или елиминирање на неразградливи органски загадувачи (POPs хемикалии) во Република Македонија

Тим од експерти на “ЕкоМозаик“ беше ангажиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање – Канцеларијата за POPs хемикалии да учествува при подготовка на ажуриран Национален Инвентар на POPs хемикалии во Македонија согласно барањата на Стокхолмската Конвенција, со фокус на новите POPs индустриски групи на хемикалии:

а) Полибромирани дифенил етри (PBDEs);

б) Пeрфлуорооктанска киселина и нејзини соли (PFOs);

в) Пентoхлор бензен (PeCB) – кој исто така се вбројува и во групата на пестициди

Целта на Стокхолмската конвенција е да се заштити човековото здравје и животната средина од неразградливи органски загадувачи (POPs хемикалии). Конвенцијата наведува дванаесет POPs хемикалии кои се користеле или се уште се користат или се ослободуваат при индустриски реакции во различни сектори: индустрија, земјоделство, управување со отпад и др..

Во рамките на имплементацијата на проектот “Овозможувачки активности за олеснување на раното делување за имплементација на Стокхолмската конвенција за перзистентни органски загадувачи” кој започна во 2012 година, МЖСПП/Канцеларија за POPs спроведува активности за евиденција/инвентаризација на перзистентните органски загадувачи (POPs) во Република Македонија (http://www.pops.org.mk), приоретизација на клучните предизвици и подготовка на Акционен План со мерки за намалување или целосна елиминација на POPs хемилакиите.

nacionalen

Тимот на ЕкоМозаик учествуваше во ажурирање на Инвентарот зановите индустриски POPs хемикалии во периодот 2012/2013 година кој ги вклучува и новите индустриските хемикалии PBDEs (група на полибромирани дифенил етри) и PFOS (перфлуорооктан сулфонска киселина и нејзините соли) кои во минатото се користеле во развиените земји при производство на електрична и електронска опрема, во транспортниот сектор и во различни индустрии како површински активни хемикалии кои ги подобруваат карактеристиките на производите ( галванизација, производство на хартија, градежни и изолациони материјали, производство на текстил, теписи, против пожарни средства и др.). Во земјите во развој се уште се произведуваат овие хемикалии, чија употреба не е исклучена и во нашата земја. Во нашата земја се очекуваат производи  (електрична и електронска опрема и отпад од оваа опрема како и автомобили и др. Превозни средства) кои биле произведени пред десетина години кога се уште овие хемикалии се користење при нивното производство.

Проектот се спроведува во неколку фази користејќи најнови техники и методи на идентификација на присуството на новите индустриски POPs . Сите релевантни чинители од владините институции (Државен завод за статистика, Царинска Управа на РМ, Институт за јавно здравје, МЖСПП со вклучени претставници од Секторите за отпад, правна регулатива, финансиски импликации, инспекторскиот надзор и др.,претставници од индустријата) се вклучени во проектот и даваат свој допринос при идентификацијата на присуството нановите POPs хемикалии, верификацијата на првичните инвентари и приоретизацијата на клучните предизвици.

nacionalen2

Фотографии од активното учество на заинтересираните страни за време на одржаните Работилници во рамките на проектот

Се подготвува Инвентарот и завршен извештај за ажурирање на Инвентарот со новите индустриски хемикалии и Акциониот План за преземање на мерки за забранување и ублажување на ефектите врз животната средина од користењето на овие хемикалии во нашата земја.