ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ НА ИНДУСТРИЈАТА ВО ПОГЛЕД НА СПРЕЧУВАЊЕ НА ХАВАРИИ
Индустријализацијата во светот придонесе за подобрување на животот на луѓето, подобрување на стандардите на живеење, создавање на нови производи и добра со кои човештвото си го олеснува секојдневното живеење.
Во производните
процеси покрај супстанциите кои се безбедни за употреба, често се користат една или повеќе супстанции кои се класифицираат како опасни според нивните карактеристики (на пр. лесно запалливи, експлозивни, оксидирачки итн.) или количини. Употребата на овие супстанции секојдневно претставува предизвик за инсталациите/системите кои ги користат бидејќи сакаат да обезбедат производство на добрата во кои сите ние секојдневно уживаме, но во исто време да обезбедат спречување на можни хаварии кои би имале негативни влијанија кон животната средина и здравјето на луѓето. Ризиците од опасности и хаварии кои може да се појават при ракување, употреба и складирање на опасни супстанции секогаш демнат и се возможни и покрај залагањето на инсталациите/системите за превентивно преземање на мерки за спречување на истите.
Согласно меѓународните конвенции и националното законодав
ство инсталациите се должни да ги преземаат сите неопходни мерки за намалување на ризиците од појава на хаварија, а доколку таа се случи да преземат мерки за ограничување на влијанието на хаваријата врз животната средина и здравјето на луѓето.
Република Македонија се приклучи кон меѓународните барања за превенција на појавата на хаварии преку ратификација на Конвенцијата за прекугранични последици од индустриски хаварии во 2010 година и ја транспонираше СЕВЕСО II Директивата и нејзините измени и дополнувања во Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 83/2009, 124/2010, 123/12, 93/13, 163/13) и подзаконските акти кои се однесуваат на спречување и контрола на хавариите во присуство на опасни супстанции.
Експертскиот тим на “ЕкоМозаик” во соработка со МЖСПП подготви Прирачник со цел да даде општи насоки кон безбедно планирање, дизајнирање и работа на инсталациите/системите во Република Македонија во кои се планира користење или во кои веќе се присутни опасни супстанции во количини кои претставуваат потенцијален ризик од појава на хаварија.
На 27-28 февруари 2014 година се одржа Обука за зајакнување на капацитетите на оператерите на индустриски процеси каде има склади
рано или се користат големи количини на опасни материи на која се разговараше за законските обврски поврзани со спречувањето на хаварии настанати од неадекватното управување со опасните материи, добрите практики во воспоставување на системи за безбедно управување со опасни материи и претставување на Прирачникот.
Прирачникот може да им послужи на сите оператори (правни или физички лица) кои вршат дејност во производен, транспортен или систем за складирање во кој се присутни опасни супстанции во количини еднакви или поголеми од количините дефинирани со „Правилникот за опасни супстанции, гранични вредности (прагови) за присуство на опасни супстанции и критериуми или својства според кои супстанцијата се класифицира како опасна“ (Сл. Весник на РМ 25/2010).
Се надеваме дека Прирачникот ќе помогне во дефинирање на политика за спречување на хаварии и воспоставување на систем за безбедно управување во инсталациите за да може инсталацијата да ја спречи можната појава на хаварија, а во колку се случи истата да ја локализира и да преземе мер
ки за ублажување на негативните ефекти врз здравјето на луѓето, животната средина и материјалните добра.
Дали Ви треба помош при идентификацијата на опасните материи?
Можеби Ви треба поддршка при дефинирањето на Политиката за безбедно управување со хаварии, или при воведувањето на Системот за безбедно управување со хаварии?
Можеби сето ова го имате воспоставено, Ви недостасува само документацијата која ја докажува Вашата спремност навремено и правилно да реагирате пред да настане или во случај на хаварија?
