ИЗРАБОТКА НА ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП ЗА ГРАД ВИНИЦА

Општина Виница водејќи се од потребите за измени во однос на категоризацијата на сообраќајната инфраструктура, изврши дополнување на ГУП за Град Виница од 2008 година и ја започна постапката за Изменување и дополнување на ГУП за Град Виница плански период 2012-2022.

За подготовка на Извештајот за Стратегиска оцена на плански документ врз животната средина Измеgup 1нување и дополнување на ГУП за Град Виница плански период 2012-2022, од страна на Општина Виница беше ангажирано Друштвото “ЕкоМозаик”. Експертите  ги вклучија аспектите на животната средина и учеството на јавноста како основни постулати при дизајнирање на урбанистичката планска документација.

Во овој Извештај е вклучен целиот опфат на ГУП за Град Виница со сите свои блокови со вкупна површина од 491,45 ha.

Се очекува реализацијата на Изменување и дополнување на ГУП за Град Виница плански период 2012-2022 да овозможи осовременување на инфраструктурата и градбата, вклопување на површините кои досега не биле опфатени со проектна документација што севкупно ќе влијае на подобрување на квалитетот на живеење на населението.

Усвојувањето на изменување и дополнување на ГУП за Град Виница и насоките дадени во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на планскиот документ врз животната средина ќе овозможат разработка на урбанистички решенија на ниво на ДУП за одредени блокови од Град Виница без започнување на постапка за СОЖС бидејќи главните цели и насоки за заштита на животната средина се дефинирани во Извештајот.

gup 2gup 3gup 4gup 5

Очекуваме мерките предложени од наша страна да се применат при реализацијата на Генералниот Урбанистички План и со тоа ќе се овозможи ВИСТИНСКИ одржлив развој на Град Виница преку: поголема површина за градба, воедно и поголема искористеност на земјиштето, поискористена густина по корисник и зголемен прилив на комуналии за Општина Виница, квалитетен инфраструктурен развој на град Виница, нови работни места, но во исто време и заштита на животната средина и зајакнување на локалната власт и довербата кај населението.

Се радуваме на секој Ваш развоен проект!!!