NEXUS

Компанијата ЕкоМозаик зема учество во Глобалното Медитеранско партнерство за води (GWP – Med) во рамки на активностите за “Вода, Храна, Енергија и Нексус Екосистеми” во Југоисточна Европа која изврши истражување и анализа на податоци за секторите (вода, енергија, храна/почва/земјоделство, економски развој) за Република Македонија.

Експертите од ЕкоМозаик во изминатиот период извршија интервјуа, контактираа релевантни национални институции со цел да добијат квалитетни податоци за трендовите за секој сектор во периодот 2000 – 2017 година, како и проекции за следните години. Податоците беа анализирани и беа систематски подредени за секоја област поединечно според бараните критериуми.

Беше подготвен и Извештај за Република Македонија како сумарен осврт за состојбите во Нексус секторите за периодот 2000 – 2017, како се движеле вредностите низ годините, каква е секторската институционална поставеност, подготвени национални документи за секој сектор, која е поврзаноста меѓу Нексус секторите, како и конфликтите меѓу истите од подготвените стратешки документи и предложените мерки и активности за надминување на истите.