ГЕНЕРАЛНА ЕКОЛОШКА РЕВИЗИЈА (ГЕР)

Генералната еколошка ревизија (ГЕР) преставува алатка за идентификација на сите влијанијa iStock_000020414876Mediumврз различните елементи на животната средина од работењето на едно претпријатие (компанија – инсталација) во различни фази на неговото постоење:

а) периодично за време на секојдневната работа на претпријатието,

б) при интерна проверка на функционирање на системот за управување со животната средина,

в) во случај на затварање на дел од постојките и престанок со работа на дел од опремата и демонтажа на истата,

г) при целосен престанок на работа на инсталацијата со А – интегрирана еколошка дозвола

д) при купопродажни активности поврзани со делови или на целото претпријатие и пренос на сопственоста на инсталацијата од еден на друг оператор како дел од економско -финансиската длабинска анализа,

ѓ) при склучување на договор за осигурување на претпријатието од евентуална штета настаната од хаварија,

е) во други ситуации по потреба.

Целта на еколошката ревизија е да се провери дали пред, за време и по извршената демонтажа на опремата во претпријатието/инсталацијата се извршени сите неопходни мерки на заштита на животната средина за да не дојде до загадување на воздухот, водата и почвата и соодветно да се управува со сите фракции на отпад кои се создаваат при демонтирање на опремата, како и утврдување на состојбата со суровини, меѓу производи или производи, отпадни масла и др. суровини на локацијата кои би можеле да претставуваат потенцијални загадувачи.

Идентификацијата на влијанијата врз животната средина се врши со цел да се воочи усогласеноста/неусогласеноста на претпријатието со важечките законски барања од областа на животната средина и заштитата и безбедноста на работниците, подобрување на перформансите на претпријатието и воспоставување позитивен однос со сите заинтересирани страни.