Експертизата на “ЕкоМозаик“ на услуга на општините
Проектот “Унапредување на општинските услуги” Македонија започна во 2009 година со главна цел да се подобри транспарентноста, финансиската одржливост и испорака на услуги за општините кориснички на проектот во земјата. Република Македонија побара помош од Светска Банка во решавањето на овие предизвици и кредитот од 75 милиони долари е потпишан за поддршка на општински инвестиции, изградба на капацитети и активности за институционално зајакнување. Министерството за финансии има формирано Проектна единица за имплементација и непречено спроведување на проектот, како и помош на општините да ја подготват потребната проектна документација.
Во рамките на проектот MSIP – “Унапредување на општинските услуги” финансиран од Светска Банка експертот Г-ѓа Славјанка Пејчиновска – Андонова е ангажирана како Консултант за животна средина одговорна за следење на исполнувањето на националните и барањата на Светска Банка во поглед на заштита на животната средина и безбедноста на работниците и населението при одвивање на проектните активности.
Веќе завршените и тековни проекти се фокусирани на инфраструктурата и услуги кои се во надлежност на општините и на нивните комунални претпријатија, како што се: водоснабдување, канализација, санација на канализацијата, набавка на возила за управување со цврст отпад, рехабилитација и реконструкција на локални патишта и улици, реконструкција на општински згради, училишта, поддршка за други функции, како што се енергетската ефикасност – уличното осветлување и замена на светилки кои содржат жива со натриумови ефикасни светилки, инсталација на топлинска пумпи за греење, градски превоз и други услуги во општинска надлежност.
Консултантот за животна средина е дел од Проектниот Тим кој помага на општинската администрација при подготовка на проектната документација, физибилити студијата, тендерските документи, како и при мониторинг на спроведување на планираните проектни активности. Накратко, главните задачи за Консултантот за животна средина се:
- Преглед на Елаборатите за животна средина за поднесените проекти од страна на општините,
- Подготовка на Студија за оценка на влијание за проекти кои се однесуваат за конструкција на училишта,
- Подготовка на листи за проверка за влијанието на инфраструктурните проекти врз животната средина,
- Подготовка на План со мерки за ублажување на негативните влијанија при сите фази на проектот,
- Подготовка на План за мониторинг на исполнување на предвидените мерки и координација на сите релевантни чинители и учесници (Изведувач, Надзор, Општински Инспектор за животна средина, Комунален Инспектор, Градоначалник и др.) за соодветните проекти пред нивно одобрување пред Светска Банка
- Подготовка на делот за животна средина во тендерската документација
- Мониторинг на примена на предвидените мерки и мониторинг параметрите при реализација на проектните активности.