Планови за редукција на емисии од Големи Согорувачки Инсталации (ГСИ)
Тимот на експерти на “ЕкоМозаик“ даде голем придонес при подготовка на Плановите за редукција на емисии од Големи Согорувачки Инсталации кои беа подготвени за прв пат во Република Македонија согласно законските барања во кои се транспонирани барањата на ЕУ Директивата за ГСИ и другите релевантни законски барања.
Во 2012 година “ЕкоМозаик“ беше ангажиран од страна на Центарот за климатски промени во проектот „Зајакнување на капацитетите на МЖСПП во делот на интегрирано спречување и контрола на загадувањето и управување со опасен отпад“ кој имаше цел да обезбеди техничка помош на инсталациите во подготовка на План за редукција на емисии на загадувачки супстанции на ГСИ (Големи Согорувачки Инсталации) во Македонија. Проектот беше финансиски поддржан од Норвешката Влада/Министерството за надворешни работи на Норвешка преку фирмата Norsk Energy од Норвешка.
Согласно Националното законодавство и Уредбата за определување на согорувачките капацитети
кои треба да преземат мерки за заштита на амбиентниот воздух од загадување (Сл. Весник на РМ 112/2011) е дефинирано кои инсталации и согорувачки постројки спаѓаат во „Согорувачки Инсталации кои треба да планираат и преземат мерки за заштита на амбиентниот воздух од загадување преку намалување на емисиите на одделните загадувачки супстанции во воздухот, тоа се согорувачките инсталации со капацитет од 50 и над 50 мегавати (MW) и инсталации кои имаат согорувачки уреди за потребите на технолошкиот процес со вкупна топлинска моќност од 50 и над 50 мегавати (MW) вкупно на нивото на целата инсталација”.
Важно е да се напомене дека ова е прв обид да се воспостави методологија на изработка на Плановите за редукцијана емисиите од ГСИ согласно националното и ЕУ законодавство и најдобрите практики и примери од ваков тип на стратешки плански документи од светот.
Тимот на “ЕкоМозаик“ подготви тематски Прашалници за секоја согорувачка инсталација со прашања кои дадоа информации и податоци за капацитетот на согорувачката инсталација, типот на котли, нивната старост, начин на одржување, работни часови, тип на гориво кое се користи, квалитетот на горивото/та, годишната потрошувачка на горива, мерењата кои се вршат на емисии на загадувачки супстанции (SO2 , NOx , прашина и други), преземени мерки и планирани мерки за редукција на емисиите и други податоци;
Врз база на податоците и посетите на терен експертите на “ ЕкоМозаик” подготвија Инвентар на емисии на загадувачки супстанции од ГСИ за период 2006-2010 год и посебно за 2011 година, како и проекции за емисии за период 2012-2017 год и споредба со граничните дозволени емисии согласно законската регулатива во Република Македонија, со посебен акцент на трендот на намалување/зголемување на емисиите од секоја ГСИ и нејзиниот удел во вкупните емисии; Во рамките на проектот беа идентификувани и сите надлежни институции и сите заинтересирани страни при спроведувањето на овие Планови за редукција на емисии и беше подготвена економска анализа на финансиските трошоци потребни за спроведување на сите потребни мерки за редукција .
Инвентарот беше доставен до Министерство за животна средина и просторно планирање и врз база на поединечните планови се подготви Националната програма за постепена редукција на количините на емисии на одредените загадувачки супстанци на ниво на Република Македонија, која според член 35-а од Законот за квалитет на амбиентален воздух ја донесува Владата на Република Македонија.
Во однос на реферирање на Република Македонија кон телата на меѓународните и ЕУ институции поврзани со заштита и унапредување на квалитетот на воздухот битно е да се спомне дека проектот помогна да се подготви Инвентар на емисии од ГСИ со пресек до 2010 год (тренд 2006-2010) и истиот да се внесе во Националната Програма за постепена редукција на емисиите во воздухот. Во исто време се анализираа и податоци за 2011 год. така да проектот успеа да го подготви и Инвентарот за 2011 год. од ГСИ кој Република Македонија ќе може да го искористи за известување следната година.
Со донесувањето и спроведувањето на оваа Национална програма ќе се овозможи имплементација на делови од Директивите 2001/80/ЕC и 2001/81/ЕC и ќе се обезбеди повисоко ниво на заштита како и подобар квалитет на амбиенталниот воздух, што е значајно за сите граѓани на Република Македонија.
Беше навистина прекрасно искуство и стекнавме нови сознанија при изработката на методологијата за воспоставување на Плановите за редукција на емисии во воздухот и подготовката на истите преку одлична соработка и размена на знаење со претставниците на “ Центарот за климатски промени” од Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и техничките лица од Големите Согорувачки Инсталации !!!
Учествуваме во Тимови кои создаваат….
