На 23 и 24 септември експертите од “ЕкоМозаик” ДООЕЛ Скопје присуствуваа на работилница на Тема “Управување со отпад од електрична и електронска опрема во Република Македонија“. На работилницата беа презентирани искуства во управувањето со отпад од електрична и електронска опрема од неколку земји членки на ЕУ: Естонија, Литванија, Белгија, Австрија и Словачка. Беа прикажани начините на кои е организиран системот на собирање, третман и преработка на овој тип на отпад. Како најважно правило беше посочено реупотребата на секој материјал, а значајно сознание претставуваше и податокот дека големите производители на електрична и електронска опрема во овие земји финансиски учествуваат во изградба на собирните центри за оваа опрема.
Овие искуства ќе претставуваат значајна придобивка при имплементирање на законодавството за отпад од електрична и електронска опрема во Република Македонија и ќе придонесат кон негово побрзо и поефикасно спроведување.