РАЗВОЈ НА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА НА ПРИРОДЕН ГАС ВО МАКЕДОНИЈА

Проценката на влијание на проектот врз животната средина беше составен дел на  Физибилити Студија за развој на дистрибутивни мрежи на природен гас во РМ, која беше подготвена од “Топлификација Инженеринг” ДООЕЛ Скопје.гасификација

Во рамките на овој проект беа опфатени: Регион 1 – Скопски плански регион (17 општини – Скопје и општините Зелениково, Петровец, Илинден, Студеничани, Арачиново, Сопиште и Чучер Сандево), Регион 2 (28 општини – кои припаѓаат на: Источниот плански регион, Југоисточниот плански регион, Североисточниот плански регион, Вардарскиот плански регион и Општина Прилеп) и Регион 3 (26 општини – кои се наоѓаат во Полошкиот плански регион, Југозападниот плански регион и Пелагонискиот плански регион).

Проценката на влијание на проектогасификација2т врз животната средина имаше за цел да даде преглед на постапката за Оценка на влијание на проектот врз животната средина согласно националните законски барања како и да ги идентификува елементите кои треба да се анализираат подетално во Студијата за Оценка на влијание врз животната средина. Целата е и да се дефинираат општи мерки за спречување, намалување, ублажување или компензација на негативните влијанија на проектот врз животната средина со што би се обезбедила навремена заштита на животната средина и безбедност на граѓаните во Република Македонија и пошироко.

Реализацијата на проектот “Развој на дистрибутивната мрежа нагасификација 3 природен гас во РМ” ќе има придобивки од: енергетски, економски и еколошки аспект. Енергетската придобивка би значела зголемување на сигурноста на снабдување и зголемување на енергетската ефикасност, додека пак од економски аспект тоа ќе значи помали финансиски трошоци за искористената енергија, како од страна на домаќинствата, така и од бизнис заедницата, отворање на нови работни места, како и ангажирање на градежната оператива за изградба на предметната инфраструктура. По однос на еколошките придобивки од реализација на овој проект најзначајната придобивка е намалување на емисијата на штетни материи (CO2) и со тоа поголема заштита на животна средина, имајќи во предвид дека со воведувањето на природниот гас ќе се супституираат досега користените енергенси кои емитираат поголемо количество на штетни материи како мазутот, екстра – лесното масло и огревното дрво во процесот за греење.