Дипломиран инженер технолог – неорганска технологија.
Од 2011 год. работи како дел од консултантскиот тим на „Друштвото за технички консултантски услуги ЕкоМозаик“ Дооел од Скопје.Активно учествува на проекти од областа на влијанието на производните процеси врз животната средина, усогласувањето на клиентите со националното и ЕУ законодавство од областа на животна средина и безбедност и здравје при работа, што подразбира помош на компаниите во процесот на управувањето со отпад и хемикалии кои се користат или создаваат од технолошкиот процес.
Се здоби со искуство во идентификација на нови индустриски хемикалии POPs во отпад од електрична и електронска опрема, транспортен сектор и други индустриски сектори во Македонија.
Присуствуваше на Првата национална конференција за СОЖС во Република Македонија и од тогаш со голем интерес учествува во подготовката на Извештаи за стратегиска оцена на влијанието на проектите кои вклучуваат производство и процеси врз животната средина.
Со задоволство се вклучува во проекти од областа на заштита на животната средина и безбедност и здравје при работа, секојдневно надградувајќи го своето искуство.
“Прави ги нештата по правилниот, а не по полесниот пат”
Бубе