Трета меѓународна конференција на тема “Управување со отпад и климатски промени”

Во периодот од 19 до 21 Септември 2013 во Скопје се одржа 3та меѓународна конференција на тема “Управување со отпад и климатски промени” во организација на Министерство за животна средина и просторно планирање, АДКОМ Здружение на даватели на комунални услуги во РМ, ЈП “Комунална хигиена” – Скопје и ДРИСЛА Скопје ДОО. На конференцијата присуствуваа сите релевантни чинители од земјата и регионот и беа разменети искуства за најсовремените техники за управување со отпад.    

Фактот дека големите количини на отпад претставуваат директна закана за здравјето на луѓето и индиректно за загадување на воздухот, почвата и водата, иницираше да бидат предложени следните тематски области на конференцијата:

  • Отпадот и влијанието врз животната средина – климатски промени,
  • Имплементација на ЕУ директивите во националното законодавство во делот на управување со отпад,
  • RRR во интегрираното управување со отпад,
  • Можност за ЈПП за управување со отпад во РМ,
  • Отпадот како енергенс,
  • Електронски отпад / искуства и препораки,
  • Подигнување на јавната свест за правилно управување со отпадот,
  • Методологија за пресметка на цена за интегрирано управување со отпад

Експертите од “ЕкоМозаик” имаа успешно излагање и претставување на своите доставени два труда на конференцијата на тема: “Првична инвентаризација на новите индустриски хемикалии POPs во отпад од ЕЕО и дотраени возила” и “Производство на енергија од отпад во Североисточен плански регион”.  (прочитај повеќе);