За нас

Тимот на “ЕкоМозаик” нуди консултантски услуги од областа на животната средина, одржливо користење на ресурси и воведување на концептот на почисто производство.

Тимот соработува со јавната администрација на национално и локално ниво при изработка на стратешки плански документи и преку обуки придонесува кон зајакнување на нивните капацитети со најновите технички достигнувања од областа на животната средина.

zanas

zanas2

Главни клиенти на фирмата “ЕкоМозаик” се: 

  • Малите и средни претпријатија и големите производни и услужни фирми
  • Општините и Градот Скопје, Центрите за регионален плански развој
  • Меѓународните организации и институции
  • Владините институции
  • Невладините организации 

За секој клиент поединечно, по идентификување на неговите потреби и предизвици со кои се соочува, нашите експерти подготвуваат сет на услуги кои ќе обезбедат ефикасно, навремено и квалитетно надминување на предизвиците, зголемување на конкурентноста и зголемување на профитот на компаниите, како и одржлив развој на заедницата.

     Зошто ЕкоМозаик?

Друштвото за технички консултантски услуги “ЕкоМозаик” дооел Скопје успешно и интензивно работи неколку години со домашни и меѓународни компании, општини, владини институции и финансиски институции нудејќи високо стручни услуги согласно законските норми, но и со добрите ЕУ и светски практики, технички норми и стандарди. Претставува спој на  стручни, професионални и искусни лица од различни профили ориентирани кон потребите на клиентите.  

  •  Одбираме посветеност, одлучност и професионалност
  •   Имаме искуство и знаење заедно со Вас да се соочиме со предизвиците
  •   Секогаш во чекор со најновите достигнувања и трендови во управувањето со животната средина

    Тимот на ЕкоМозаик

Нашиот тим на консултанти има време, трпение, знаење и умешност да ги разбере предизвиците со кои се соочувате при секојдневното работење и при започнување на нови инвестиции. Нашите консултанти со задоволство ќе се посветат на ефикасно и навремено надминување на Вашите предизвици во однос на заштита на животната средина, што за Вас ќе значи подобро планирање, намалување на трошоците, поефикасно и одржливо користење на ресурсите, поголема конкурентност на пазарот, минимизирање на различните фракции на отпад, рециклирање, превенција, избегнување и ублажување на негативните влијанија на производниот процес и емисии во воздух, вода.

Во успешното секојдневно работење, “ЕкоМозаик” соработува со голем број надворешни соработници, експерти во својата област, акредитирани лаборатории, институции и организации на национално и меѓународно ниво, кои несебично и посветено ни помагаат да ја постигнеме целта заедно со нашите клиенти.

Вашиот успех, позитивните резултати и подобрувањето на Вашиот имиџ за општествено одговорна компанија и компанија која се грижи за својот “еколошки и енергетски отисок“ се наша мотивација.

                  експертиза                     експертиза                 експертиза                експертиза             експертиза               експертиза